Израелскиот војник Шалит ќе биде ослободен
12 октомври 2011По повеќечасовна дебата министрите од израелската влада се согласија со спогодбата со палестинскиот Хамас. Планираната размена на затвореници беше издејствувана со посредство на египетската влада. Хамас, од своја страна, исто така ја потврди размената. Влијателниот шеф на организацијата во егзил, Калед Машал, во Дамаск изјави дека 1027 палестински затвореници треба да бидат ослободени на двапати. Шалит, според него, прво ќе биде однесен во Египет, а потоа во Израел.
Според информации на израелската внатрешна тајна служба Шин Бет, меѓу затворениците кои треба да бидат ослободени не се наоѓаат претставници од водечките кругови на Палестинците. Функционерот на Фатах, Марван Баргути, експертот за производство на бомби на Хамас, Абдула Баргути, и еден од водачите на Палестинците Ахмед Садат и натаму ќе останат во затвор.
Автор: АТ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска