Израел нападна позиции на сириската армија
19 март 2014Официјален Израел соопштил дека неговите авиони ги нападнале позициите на сириската војска бидејќи ги сметале за одговорни за поставување на мини на патиштата.
Од експлозија на мина, која била активирана во вторникот, ранети биле четворица израелски војници кои биле во патрола, за што Израел смета дека е одговорна сириската армија.
Ова е и најсилниот напад на Израел врз соседна Сирија за време на тригодишната граѓанска војна.
Израел соопштил дека неговите воздухопловни сили рано утрово гаѓале објекти за обука на сириската војска, еден штаб на копнените сили и една артилериска постројка. Во вторникот со употреба на топови Израел гаѓал и врз други позиции на сириската војска.
За сега нема коментари околу ваквите случувања од Дамаск, ниту податоци за загинати или причинета материјална штета од израелскиот воздухопловен напад.
Министерот за одбрана, Моше Јалон, истакнал дека Израел смета оти владата на претседателот на Сирија, Башар ал Асад е одговорна за страдањето на израелските војници кои без повредени при детонација на мина поставена на патролен пат во вторникот. Јалон се заканил дека Асад „ќе зажали поради своите постапки“.