1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел и Хамас ја завршија размената на заробеници

19 декември 2011

Израел синоќа ослободи 550 палестински затвореници во рамки на договорот за размена со Хамас, врз основа на кој во првата фаза во октомври дома се врати киднапираниот израелски војник Гилад Шалит, по повеќе од пет години

https://p.dw.com/p/13VM3
Ослободени ПалестинциФотографија: dapd

Автобусите со палестински затвореници го минаа контролниот пункт на Западниот Брег синоќа околу 21 часот по средноевропско време. Неколку конвои на автобуси на затворската служба, придружувани од припадници на полицијата, ристигнаа претходно на граничните премини кон територијата во Појасот Газа.

Никој од вчера ослободените затвореници, меѓу кои и шест жени, не бил осуден на доживотна затворска казна, ниту за убиство. Повеќето од нив и онака наскоро би биле ослободени, за разлика од 477 ослободени затвореници во првата фаза, од кои некои служеа доживотен затвор поради терористички напади.

Повеќето затвореници, односно 505 се пуштени на слобода на Западниот Брег преку граничниот премин Беитунија, каде беа собрани стотици Палестинци, кои ги чекаа своите блиски. Четириесет и еден затвореник е ослободен на граничниот премин Карем Шалом кон Појасот Газа. Двајца се пуштени од иточен Ерусалим, а двајца од Јордан, така што тие минаа преку граничниот премин на мостот Аленби кон таа земја.

Со тоа заврши размената на затвореници договорена меѓу Израел и Палестинците, со која Палестинците по пет години заробеништво го ослободија израелскиот војник Гилат Шалит, а Израел ослободи околу илјада палестински затвореници.

Автор: ЖА/АТ/дв/миа

Редактор: Ж.Ацеска