1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел и Хамас подготвени за примирје

10 април 2011

Радикалната палестинска организација Хамас порача дека сака крај на најновото насилство во Појасот Газа откако претходно израелскиот министер за одбрана сигнализираше подготвеност да прифати примирје.

https://p.dw.com/p/10qpV
Уништен објект во Газа по израелските одмазднички нападиФотографија: picture alliance/dpa

„Палестинските фракции не се заинтересирани за ескалација на насилството“, изјави денеска Саму Абу Зухри портпаролот на Хамас, организацијата која ја има власта во Појасот Газа. Тој за новинската агенција Ројтерс уште истакна: „ Доколку запре израелската агресија, би било нормално повторно да се воспостави мир“.

Претходно утрината израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека Ерусaлим е подготвен да ги прекине нападите против вооружените палестински групи во Појасот Газа доколку и тие го направат истото.

„ Ако тие престанат да пукаат и ние ќе престанеме да пукаме“, истакна Барак како одговор на соопштението од политичкото крило на исламистичкото движење на Хамас, што го контролира Појасот Газа, во кое се побара примирје.

Anschlag Israel Bus
Уништениот училишен автобус во јужен израел по ракетниот напад од Појасот ГазаФотографија: picture alliance/dpa

19 загинати Палестинци во израелските напади во појасот Газа

Тоа е првпат израелски лидер да предлага прекин на огнот по избувнувањето на најновите крвавите судири со Палестинците.

„ Ние не можеме да го трпиме ракeтирањето и гранатирањето врз Израел и ќе дејствуваме соодветно“, наведе Барак.

Тој истакна дека Хамас има „тешки загуби“ и предупреди дека израелската армија може да преземе копнена операција во Појасот Газа.

Инаку билансот на загинати во одмаздничката воздушна операција на израелската армија во појасот Газа се искачи на 19 лица, меѓу нив палестински милитанти но и многу цивили. Израел со тоа одговори на ракетниот напад на палестинските милитанти во кој беше погоден еден училишен автобус во јужен Израел при што тешко беше повреден еден ученик.

Автор:СН/ЖА/ртр/афп/миа

Редактор: Жана Ацеска