1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ги повлекува трупите, но борбите продолжуваат

АТ/ афп/дпа/ртр3 август 2014

Борбите во Појасот Газа продолжуваат, иако Израел во голема мера ја повлекува копнената војска. Шефот на германската дипломатија Штајнмaјер бара за решавање на конфликтот контролирано да се отворат границите кон Газа.

https://p.dw.com/p/1Co2E
Фотографија: Reuters

Израел ги повлече повеќето од своите трупи во Појасот Газа. Како што извести армиското радио, некои војници сепак ќе останат на клучни позиции. Освен тоа подготвени за поддршка биле и воздухопловните сили. Израелските медиуми утрово соопштија дека во граничната област кон Израел би требaло да биде формирана мала „безбедносна зона“. Воени лица кои сакаат да останат анонимни, сепак јасно порачуваат дека офанзивата во никој случај не е завршена.

Во меѓувреме е познато дека израелскиот војник кој се сметаше за исчезнат Хадар Голдин всушност загинал во борбите со милитатните Палестинци при уништување на тунелите.

Израел: Операцијата продолжува

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер најави дека армијата ќе ги преоганизира силите кога ќе бидат уништени тунелите на Хамас кои се протегаат до југот на Израел. Военaта операција во Појасот Газа ќе продолжи „сѐ додека е тоа неопходно“.

Израелската влада сака да ги уништи тунелите, бидејќи ги користи Хамас, за во Израел да изведува терористички напади. Освен тоа би требало да се сопрат ракетните напади од страна на милитантните Палестинци. При новите напади утрината биле убиени дванаесет Палестинци, известуваат палестинските спасувачки сили.

Исто така и Хамас кој владее во Појасот Газа најави продолжување на борбите додека не бидат постигнати нивните цели. Радикално-исламистичката организација бара меѓу другото укинување на блокадата во Појасот Газа, која Израел ја воведе пред повеќе години како реакција на ракетните напади од Газа.

Лидерот на Хамас Калед Машал се изјасни дека нема да прифати прекин на огнот без повлекување на израелските трупи. За СиЕнЕн тој изјави дека присуството во Појасот Газа и унишувањето на системот тунели било „агресија“ против која Хамас имал право на „самоодобрана“.

Штајнмајер за контролирано отоворање на границите

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер се заложи за долгорочно решение за Појасот Газа. Статус кво ситуацијата и блокадата не може да биде долго одржлива, напиша Штајнмајер во „Велт ам зонтаг“. Граничните премини би требало повторно да бидат отворени, но „под маѓународно набљудување“, за да се спречи криумчарење на оружје.