1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел бомбардираше сириски позиции

АТ/ афп/дпа/ртр19 март 2014

Во Голанската висорамнина постојано доаѓа до престрелки. Израелците меѓутоа досега не ја користеа воената авијација. Сега во визирот им паднаа сириски позиции.

https://p.dw.com/p/1BSS2
Фотографија: AFP/Getty Images

Израелски воени воздухопловни единици бомбардираа сириски позиции во Голанската висорамнина. Во нападот бил убиен еден војник и седум лица биле повредени, соопшти сириската армија. Целта бил камп за тренинг, главни седишта, како и артилериски позиции во делот на Голанската висорамнина контролиран од Сирија, соопшти израелската армија во Тел Авив. Овие места учествувале во спроведувањето на нападот врз изралски војници.

Во вторникот четворица израелски војници беа повредени при активиирање на екслозив покрај една улица во Голанската висорамнина. Непознати лица го активирале експлозивот поставен под воено возило. Тоа е најтешкиот напад врз израелски армиски персонал од почетокот на сириската граѓанска војна пред три години.

Делови од Голанската висорамнина контролирани од Хезболах

Израел веднаш го обвини режимот во Дамаск дека е одговорен за нападот и даде дозвола за артилериски напади врз воени цели во Сирија. Употребата на военото воздухопловство е новина. Тие за првпат од почетокот на граѓанската војна во Сирија бомбардираат цели на сириската страна на Голанската висорамнина. Делови од сирискиот дел на Голанската висорамнина, според наводи на Израел, биле контролирани од либански Хезболах. Овие милиции во граѓанската војна го поддржуваат режимот на претседателот Башар aл-Асад.

Во изминатите две години постојано доаѓа до напади од сириската страна, кои не се целни напади, туку се последица од граѓанската војна во земјата. Израел во шест дневната војна ја освои сириската Голанска висорамнина и подоцна ја анектираше. Соседот од тогаш бара враќање на територијата.