1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изненадувачки избор на Јоахим Лев

Б. Георгиевски/дпа8 мај 2014

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоахим Лев изненади многумина со изборот на играчите кои ќе бидат во конкуренција за СП во фудбал.

https://p.dw.com/p/1Bvfs
Фотографија: Alex Grimm/Bongarts/Getty Image

Најголемо изненадување е неповикувањето на некогаш првиот напаѓач на репрезентацијата Марио Гомез, како и на двајцата резервни голмани Рене Адлер и Марк- Андре Тер Стеген. Гомез подолго време го мачат повреди и сезонава не успеа да избори стандардно место во тимот на Фиорентина.

Провизорниот тим на Лев опфаќа 30 играчи, но нивниот број ќе биде намален на 25 по пријателскиот меч со Португалија следната недела. Конечниот тим од 23 играчи треба да биде дефиниран до 2. јуни.

Трикратниот светски првак Германија е во група со Португалија, Гана и САД.

На прес-конференцијата Лев изјави дека пресуден критериум при изборот на играчите биле „формата и физичката подготвеност на играчите“. И покрај тоа, во тимот се повикани двајца играчи- Сами Кедира и Мирослав Клозе, кои веќе подолг период се повредени и не настапуваат за своите клубови. Лев рече дека повикот за Кедира е резултат на „неговата личност и искуство“.

Jerome Boateng und Mats Hummels Archiv 2012
Жером Боатенг и Матс ХумелсФотографија: Getty Images

На голманските позиции повикани се Мануел Нојер (Бајерн М.), Роман Вајденфелер (Борусија Д.) и Рон- Роберт Цилер (Хановер).

Во одбраната за настап на СП ќе конкурираат: Жером Боатенг (Бајерн М.), Филип Лам (Бајерн М.), Ерик Дурм (Борусија Д.), Кевин Гроскројц (Борусија Д.), Марсел Шмелцер (Борусија Д.), Матс Хумелс (Борусија Д.), Бенедикт Ховедес (Шалке), Марсел Јансен (Хамбург), Пер Мертезакер (Арсенал), Шкодран Мустафи (Сампдорија).

Во средниот ред повикани се дури 15 играчи, меѓу нив и неколку изненадувања како младите Макс Мајер и Леон Горецка од Шалке, Андре Хан од Аугсбург и Матијас Гинтер од Фрајбург. Останатите избраници на Лев се со подолго искуство во тимот: Ларс Бендер (Бајер Л.), Јулијан Дракслер (Шалке), Марио Геце, Бастијан Швајнштајгер, Тони Крос, Томас Милер (Бајерн М.), Сами Кедира (Р. Мадрид), Месут Езил и Лукас Подолски (Арсенал), Марко Ројс (Борусија Д.), Андре Шурле (Челзи).

Kevin Volland Nationalmannschaft U21
Кевин Фоланд (лево)Фотографија: Getty Images

Германскиот селектор се одлучи да повика само двајца класични напаѓачи на подготовките, покрај ветеранот Мирослав Клозе од Лацио, шанса да импресионира ќе има и младиот Кевин Фоланд од Хофенхајм.