1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избегната авионска несреќа во Хелсинки

АМ/дпа5 мај 2013

Авион на Луфтханза, кој синоќа летал од Хелсинки кон Франкфурт, морал принудно да слета поради оштетување на еден од моторите. Во авионот имало 162 патници и шест членови на екипажот.

https://p.dw.com/p/18SUn
Фотографија: picture-alliance/dpa

Леталото се вратило кон Хелсинки, откако еден од моторите испаднал, раскажуваа светоци за радиото ЈЛЕ. Тие изјавија дека бил видлив пламен и била слушната експлозија по полетувањето од аеродромот Ванта во близина на Хелсинки. Германските медиуми објавија фотографија на која се гледа дека задниот дел од левиот мотор е во пламен, додека леталото е во воздух.

Меѓународниот аеродром во близина на финскиот глвен град издал т.н. „црвено предупредување“, но авионот бил во состојба по час и половина да слета без никакви проблеми.

Причината за оштетувањето на моторот се истражува, рече портпаролот на Луфтханза Кристијан Готшалк. Засега нема детали за можните причини за овој инцидент. Од авиокомпанијата информираат дека на патниците, кои биле во авионот, им биле обезбедени авионски карти за други летови.