1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Играњето фудбал со глава – опасно по здравјето

Н.Крајцер/дв/Ивана Стојкова 16 септември 2014

Фудбалот без удари со глава е незамислив, но тоа е и опасно. Сега и спортските лекари бараат промена во правилата, со што фудбалерите би се заштитиле од трајните повреди.

https://p.dw.com/p/1DCmx
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сите се уште ја паметат сцената од финалето на овогодишното Светско првенство во фудбал. Германскиот репрезентативец Кристоф Крамер по ударот во глава со аргентинскиот играч Езекил Гараја, уште добри 15 минути видно зашеметен и дезориентиран луташе низ теренот пред селекторот да го замени.

Ударите во глава – опасни по живот

Пред неколку седмици група на млади фудбалери и нивните родители поднесоа заедничка тужба против ФИФА и неколку други фудбалски сојузи во Америка, поради тоа што дозволуваат техники на играње со главата, кои се „опасни по здравјето“ и наводно не се грижат доволно за заштитата на младите играчи. Според тужбата, телата на млaдите фудбалери, а тоа посебно се однесува на вратните мускули, не можат да ги поднесат силните удари од топката. Притоа постои и голема опасност од потрес на мозокот, стои во тужбата која ја пренесоа светските медуми. Иницијативата бара и спроведување на детално истражување кое ќе ја докаже опасноста од играњето со глава. Подносителите на тужбата бараат од ФИФА да го ограничи бројот на дозволени удари со глава во еден натпревар. Во Велика Британија, ФИФА и Британскиот фудбалски сојуз се соочија со тужба од страна на вдовица на еден поранешен, сега веќе починат фудбалер. Таа тврди дека нејзиниот сопруг починал како последица на оштетување на мозокот, кое што го добил во текот на долгогодишното ударање на топката со глава.

Прекин на натпреварот во случај на повреда

На почетокот, ФИФА не реагираше на тужбите и единствено соопшти дека Светскиот фудбалски сојуз вложува напори во избегнување и третирање на повредите на глава. Но сега се огласи и претседателот на Медицинскиот одбор на ФИФА, Мишел Д‘Хог. Тој бара натпреварот да биде прекинат дури и при најмалото сомневање за потрес на мозокот, на три минути. Натпреварот би можел да продолжи дури откако теренските лекари (а не тренерот), би му дозволиле на фудбалерот да продолжи со играта. Англискиот фудбалски сојуз веќе во актуелната сезона ги промени правилата според кои играчот при повреда на главата мора да го напушти теренот, а ќе продолжи со игра, откако ќе добие дозвола оод лекарот.