1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Средбата во Преспа за стекнување заемна доверба

24 ноември 2009

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, оцени дека најавената средба во Преспа е со цел да се стекне заемна доверба. Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, смета дека средбата отвора шанса за преговорите.

https://p.dw.com/p/KeKE
Претседателот Ѓорге ИвановФотографија: Petr Stojanovski

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска (24.11.09) оцени дека најавената средба на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу во Преспа во петок е дел од контактите со грчката страна со цел да се стекне заемна доверба.

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, пак денеска истакна дека најавената средба во Преспа е можност за дијалог и шанса преговорите за името да се движат кон подобро. „Се радуваме на претстојната средба бидејќи таа е важна за процесот", изјави Рикер.

Грчките медиуми за најавената срдеба во Преспа

Суштинско прашање во Преспа во петок ќе биде билатералната средба Папандреу-Груевски, која ќе следи по трилатералните разговори за животната средина, пишува денеска грчкиот весник „Апогевматини“, цитирајќи го портпаролот на грчката влада Јоргос Петалотис. Весникот „Вима“ оценува дека е тоа знак оти Атина „продолжува со напорите да игра со отворени карти во односите со Скопје, со што ќе се овозможи да биде пронајдено решение за спорот со името“. Весникот „Елефтеротипија“, пак, нагласува дека во прв ред тема на средбата во Преспа ќе биде екологијата, но зад кулисите ќе се разговара за спорот со името.

Автор: СН/АТ/миа/макфакс
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема