Иванов: сакаме разумен компромис за името
8 јуни 2009Реклама
Во раговорите за името Македонија сака да постигне разумен компромис и да се најде решение со кое нема да биде засегнат македонскиот идентитет, ниту да биде скршена гордоста на населението, рече денеска македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Тој дополни дека секој друг компромис е компромис под принуда, со уцена и нема да биде од корист за Македонија. Според уставот, смета шефот на државата, сувереноста произлегува од граѓаните, а посуверено право од некој да си го одреди идентитетот, нема. Оттука референдумот е чинот преку кој народот би требало да се изјасни околу државниот став за името, рече претседателот Иванов по седницата на Управниот одбор на Стопанската комора.
Автор: АТ/ЖА/миа
Редактор: Жана Ацеска