1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Од Чикаго се очекува корекција на Букурешт

АМ/ЖА/миа/макфакс5 април 2012

Американски конгресмени на средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов - од исклучителна важност членството на Македонија во НАТО.

https://p.dw.com/p/14YLs
Фотографија: DW/Petr Stojanowski

Земјите-членки на НАТО да ги преиспитаат позициите во однос на Македонија - ова е барањето што претседателот Ѓорге Иванов го искажал на денешната средбата во Скопје со американските конгресмени Дејвид Драјер, Дејвид Прајс, Џим МекДермот, Ерик Паулсен и Гери Коноли. Иванов ги запознал петтемина конгресмени со пресудата од Хаг и оценил дека таа е потврда на правилната политика на Македонија. Иванов нагласил дека Грција треба да ја почитува рамката на преговорите, и да покаже добра волја и одговорен пристап. Конгресмените посочиле дека интеграцијата на Македонија во НАТО ќе значи позитивен импулс за целиот регион и ширење на зоната на стабилност и безбедност.

Членовите на Конгресот ја реафирмирале поддршката за евроатлантска интеграција на Македонија и подготвеноста за натамошно продлабочување на партнерските односи и соработката со Конгресот.

Петтемина се дел од групата на 54-ца конгресмени, кои во вторникот, преку писмо од американскиот претседател Барак Обама, побараа членство за Македонија во НАТО на самитот на алијансата во Чикаго во мај.

Членовите на Конгресот ја реафирмирале поддршката за евроатлантска интеграција на Македонија и подготвеноста за натамошно продлабочување на партнерските односи и соработката со Конгресот.