1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов и Тадиќ убедени во европската иднина на Македонија и Србија

16 декември 2011

Перспективите на Македонија и на Србија се во ЕУ и без оглед на постојните препреки нема обесхрабрување за тој пат, изјавија во Скопје претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Борис Тадиќ.

https://p.dw.com/p/13UI2
Српскиот претседател Борис Тадиќ претстојува во дводневна посета на МакедонијаФотографија: AP

Дополнителните услови во евроинтеграциите не не' обесхрабруваат да продолжиме со сите потребни реформи и исполнување на критериуми, порача претседателот Ѓорге Иванов по денешната ( 16.12.2011) средба со својот српски колега Борис Тадиќ.
Иванов објасни дека иако евроинтеграциите на Македонија се блокирани во
последните две години, во меѓувреме се прават сите неопходни реформи.
„ Целта ни е да создадеме Европа внатре во државата“, изјави Иванов.
Српскиот претседател Тадиќ истакна дека ваквата порака на Иванов треба да се
пренесе и во Белград, бидејќи, како што рече, во Србија се појавило
обесхрабрување откако земјата не доби кандидатски статус.
Тадиќ објасни дека внатрешните реформи се суштина и кон тоа треба да се
стремат двете држави.

Претседателите на бизнис- форум

Србија и Македонија имаат европската иднина, рече Тадиќ посочувајќи дека
Европа е најсигурната зона.
Во однос на црковниот спорот, двајцата претседатели сметаат дека проблемите
треба да ги решаваат црквите и дека ова прашање не е дел од меѓудржавните
односи. На средбата шефовите на двете држави се осврнале на економската, енергетската и на инфраструктурната соработка за што ќе стане збор и на Македонско- српскиот бизнис форум, што се оддржува во Скопје.

Автор: СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска