1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: Вредеа сите настојувања на придавката „македонски“

СН/АТ/миа/макфакс10 октомври 2012

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска по повод враќањето на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК порача дека ќе реагира секогаш кога се посегнува по идентитетот .

https://p.dw.com/p/16NSK
Фотографија: MIA

Претседателот Ѓорге Иванов оцени дека вределе сите настојувања и политички битки за придавката „македонски“ да се врати во извештајот на Европската комисија, откако оваа придавка се најде на страниците на извештајот.

„Како што се вели меѓу народот, ако не се борите, однапред сте изгубиле.Затоа толку бев упорен токму за ова затоа што во изминатите два извештаја на ЕК тоа беше изоставено. Секогаш сум реагирал и ќе продолжам да реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого. И затоа тоа треба да биде пример секојпат кога настојуваме нешто што е наше, а што им припаѓа и на други, а нам ни е ускратено мора вака да се реагира“, изјави претседателот Ѓорге Иванов на маргините на одбележувањето на 45-годишнината од формирањето на МАНУ.

Иванов претходно испрати писмо до челниците на ЕК дека изоставувувањето на придавката го навредува македонскиот народ и рече дека нема да го прими новиот извештај на ЕК доколку во него не е содржана придавката „македонски“.