1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов бара објаснување за терминот „славомакедонци“

БГ/миа19 ноември 2012

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав предизвика жестоки реакции по употребата на терминот „славомакедонци“ во Брисел. Денеска повикан за објаснување кај претседателот Иванов.

https://p.dw.com/p/16lhF
Фотографија: MIA

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска (19.11.) го повика на средба евроамбасадорот Аиво Орав, откако минатата недела тој го употреби терминот „славомакедонци“ за именување на македонскиот народ во говор во Европскиот парламент во Брисел.

Aivo Orav
Аиво ОравФотографија: MIA

Неофицијално, претседателот Иванов побарал од евроамбасадорот јавно да се извини за постапката и да го почитува правото за самоопределување. Засега, официјално не се објавуваат детали од средбата. Претходно, постапката на Орав ја осуди Владата. Од опозициската СДСМ денеска постапката на Орав ја оценија како „тежок удар за македонската надворешна политика“.

„Ова не смее да остане без соодветна реакција од власта. Ние не сакаме да поверуваме дека се работи за усогласен пазар со кој заради враќање на придавката “македонски“ во ЕУ извештајот, Владата евентуално премолчано се согласила ЕУ претставниците во иднина да го употребуваат терминот “славомакедонци“ за нашиот идентитет. Затоа, сега премиерот Груевски е на потег, за да ја докаже и покаже решителноста и одлучноста на Република Македонија во неприфаќањето на оваа нова пракса, и да го заштити достоинството на македонскиот народ“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.