1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Злато на Болт за историјата

БГ15 август 2016

Јамајканецот Усеин Болт влезе во историјата како прв спринтер кој победил во трката на 100 метри на три Олимпијади. Во вторник атакува на златото на 200 метри

https://p.dw.com/p/1JiJ9
Фотографија: Getty Images/C. Spencer

Болт е сега на чекор до уште едно историско остварување- доколку победи и на трката на 200 метри, тоа ќе биде неговиот трет двоен триумф.
Болт победи на синоќешната трка на 100 метри пред Американецот Џастин Гејтлин и Канаѓанецот Андре де Грасе со релативно „скромно“ време од 9,81 секунди.

Злато на Болт за историјата

Според Болт но и другите спринтери, виновен за „бавното“ време е организаторот кој финалето го закажал само 90 минути по полуфиналната трка.

Rio Momente 14 08 Leichtathletik 100 m Männer Finale
Фотографија: Reuters/D. Gray

Сега Болт има еден ден одмор пред трката на 200 метри на која најави дека ќе атакува на светскиот рекорд од 19,19 секунди.
Болт нема загубено на кусите атлетски патеки од 2007 година.