1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотресот во Зеница го зголеми стравот

М.Смајиќ/Е.М.Фиданоска30 јули 2012

Босна и Херцеговина денеска (30.07) повторно беше потресена од силен земјотрес, по што следуваше и помал. Јачината на земјотресот беше 4,6 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот повторно во близина на Зеница.

https://p.dw.com/p/15gfp
Фотографија: Avaz.ba

Според информациите на федералниот метеоролошки завод, на кои се повикува венсикот „Дневен аваз“, земјотресот бил на длабочина од два километри, со епицентар на седум клиометри од Зеница. Во делови од градот поради потресот снемало струја, а меѓу населението владее паника. Поради страв од нови, посилни потреси, уплашените зеничани сигурност побараа на улиците, исто како и пред две ноќи.

На одделни објекти, според досегашните информации, има и помали материјални штети. Градинките во Зеница упатија повик до родителите да си ги земат децата. Муриз Спахиќ, професор на Природно-математичкиот факултет во Сараево, за „Дневни аваз“ вели дека БиХ се наоѓа на трусно подрачје и дека треба да се очекува некогаш да доаѓа до земјотреси, затоа што, како што вели, „тлото под нас не е завршено“.

Erdbeben in Bosnien und Herzegowina
Зеница е во страв од нов потресФотографија: Klix.ba

Спахиќ нагласува дека не треба да се крева паника, но граѓаните на Зеница кои живеат во повеќекатните згради излегоа на улица и со неверување чекаат следен потрес.

Сеизмолошката карта на БиХ покажува дека најзагрозена од земјотреси е Херцеговина, а најсигурниот дел од земјата е Краина. Од 1900 година, од кога во Босна и Херцеговина се мерат земјотресите, забележани се 74 потреси со јачина над три степени според Рихтеровата скала и тоа се земјотреси кои предизвикале материјални штети или однесле човечки животи.