,, Зелените“ слават 25 години постоење
12 јануари 2005,, Никогаш похаотично,, гласеше еден од насловите во германските весници кога во далечната 1980-та, партијата на зелените се појави на германската политичка сцена. Меѓусебните партиски несогласувања поради лево ориентираните групи резултираа со многу дискусии. Тоа беа првите предзнаци на подоцнежните кавги меѓу спротивставените крила во партијата, односно радикално еколошките фундаменталисти и прагматичните реалисти. И на самиот почеток на делувањето на зелените имаше возбуда – барањето за моментално запирање на користењето на атомската енергија , како и еколошки ориентираното стопанство ги преплашија потенцијалните гласачи.
Сепак, залагањето за заштита на човековата околина е голема заслуга на зелените, смета Ралф Рудолф Корте, политички аналитичар од универзитетот во Есен:
,, Резултатот беше тоа што веќе етаблираните партии почнаа да се занимаваат со оваа проблематика, основани беа министертсва за екологија. Тоа може да се нарече и замка на успехот. Други пак, ја превзедоа грижата за екологијата и тоа беше ограничување за напредокот на зелените,, .
Партијат се ограничуваше и во својата политичка култура , по принципот на ротација – секои две години членовите мораа да се менуваат во парламентот. Постоеше и правило според кое политичар кој е на партиска функција не смее истовремено да биде и член на парламентот. Сето тоа, значително ги слабееше Зелените. Сепак, партијата со еколошката прокламација наиде на големи симпатии во општеството бидејќи другите партии во своите програми не ја опфаќаа таа проблематика.
Најголемиот успех во тоа време беше првата црвено зелена коалиција во Хесен во 1985 година. Министер за екологија тогаш беше актуелниот шеф на германската дипломатија, Јошка Фишер. Меѓутоа партијата беше успешна само однадвор, додека во нејзините редови растеше затегнатоста. Речиси секоја година се појавуваа нови лица на врвот на зелените , а фундаменталистите и реалистите се расправаа околу идните партиски насоки.
Зелените на политичката сцена беа најниско во 1990-та, кога Германија повторно се обедини. Западногерманските зелени на изборите ја пропуштија шансата да влезат во парламентот. Со мотото,, сите зборуваат за Германија- а ние зборуваме за клима,, не можеа да ги освојат гласачите. Во 1993 се споија со граѓанското движење сојуз 90, а благодарение на Јошка Фишер влегоа во парламентот. Во 1998 година, зелените за првпат дојдоа на власт. До која мера се променила партијата покажува согласноста дадена за Нато ангажирањето на Косово, која што, според аналитичарот Корете е заслуга на Фишер.
,, Тоа беше мошне тешко, и тоа е негова заслуга. Во партија која што е антивоена, која се залага мир, тоа претставува најголем предизвик што на крајот, сепак, беше решен добро,, вели Корте.
Заедно со СПД изминатите години се донесуваа тешки одлуки- реформирањето на даночниот и социјалниот систем, военото ангажирање во Македонија и Авганистан. Напредокот на партијата на Зелените и натаму продолжува, а аналитичарите како Корте сметаат дека партијата нема засекогаш да остане врзана со Социјалдемократската партија.