Заробените набљудувачи прикажани во јавноста
27 април 2014Проруските активисти, под раководство на самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, на новинарите во салата им ги презентираа неповредените набљудувачи.
„Ние сме гости на Пономарјов. Не сме воени заробеници“, изјави еден од четворицата заробени Германци. Сите членови на тимот се добро, велат самите. Условите за ослободување ним не им се познати. „Зависиме од нашите дипломати кои мора да преговараат со градоначалникот“, рече Германецот.
ОБСЕ во текот на денот треба да води преговори за ослободување на набљудувачите. Пономарјов, меѓутоа, сака да ги размени заробените набљудувачи за заробеници од проруските редови.
Проруските милиции во петокот попладнето (25.04) запреа автобус со членови на воена набљудувачка мисија на ОБСЕ во близина на Славјанск, источна Украина. Меѓу заробените има тројца германски војници, еден германски преведувач, како и еден Полјак, еден Данец, еден Чех и еден Швеѓанец. Дел од групата набљудувачи се и пет украински војници.
Според наводи на ОБСЕ, групата не е дел од цивилната набљудувачка мисија испратена во Украина на крајот на март, туку е дел од посебна воена набљудувачка мисија под германско раководство.