Заробени 43 припадници на сините шлемови на ОН
28 август 2014Реклама
Според информации од ОН, инцидентот се случил изутрината. Заробените мировници, како што се вели, се дел од трупите за набљудување на ОН, односно дел од т.н. мисија Ундоф. Според ОН, во моментов се во тек напори за ослободување на заробените.
Според наводи на ОН, во мисијата Ундоф учествуваат 1223 мировници од Индија, Ирска, Непал, Холандија, Филипини и островите Фиџи. Мисијата Ундоф постои од 1974 година, а нејзина цел е да го надгледува прекинот на огнот меѓу Израел и Сирија. Уште во 2013 година вооружени лица заробија повеќе војници од Ундоф-мисијата на Голанската висорамнина, но тие беа ослободени. Советот за безбедност на ОН во јуни го продолжи мандатот на мисијата до 31 декември 2014-та.