1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заработка на производителите на пијалоци на сметка на екологијата

Сабине Кинкарц/ Александра Трајковска6 јануари 2014

Вода, сок или кока-кола - и покрај кауцијата сѐ повеќе Германци користат шишиња за една употреба, кога купуваат пијалок. На производителите и трговците тоа им се допаѓа, но не и на екологистите.

https://p.dw.com/p/1AlsB
Фотографија: NABU/E. Neuling

Заштитата на животната средина во Германија игра голема улога - на хартија во секој случај. Така правилникот за амбалажа пропишува дека најмалку 80 проценти од сите шишиња за пијалок мораат да бидат во амбалажа која се користи повеќе пати или пак тоа да бидат „еколошки прифатливи“ пакувања. Квота која во Германија никогаш не беше исполнета. Напротив: Во 2008 година беа продадени повеќе пијалоци во пластични шишиња и лименки отколку повеќекратни шишиња, иако по правило се плаќа кауција од 25 центи за еднократните шишиња.

Во 2011 квотата на еднократната амбалажа на освежителните пијалоци и лимонади изнесуваше повеќе од 71 процент. Исто така повеќе од половината минерална вода се продава во еднократна амбалажа, најчесто во ПЕТ шишиња. Развој, кој значително се забрза откако големите дисконти продаваат вода исклучиво во ваква амбалажа, која е и поефтина. Цената за 1,5 литри шише е под 20 центи. Регионалните производители на минерална вода, кои по правило нудат шишиња за повеќекратна употреба едноставно не можат да го издржат притисокот на цените.

На производителите на амбалажа за еднократна употреба, но и на големите трговски синџири, кои не продаваат пијалоци во шишиња кои можат повторно да се употребат им се допаѓа ваквиот развој. Тие радо би сакале и да се зголеми оваа квота. За таа цел тие во октомври го формираа и „Сојузот за амбалажа за пијалоци на иднината“.

Plastikflaschen Pfand
Фотографија: picture-alliance/dpa

Лоби сојузот кон кој припаѓаат дисконтите „Алди“ и „Лидл“, трговското претпријатие „Лекерланд“ производителите на пијалоци „МЕГ“, „Пепси Кола“ и „Ред Бул“ како и производителите на лименки „Бал“ и „Рексам“ сака да преземе мерки против „дискирминација“ на амбалажата за еднократна употреба и аргументира меѓу другото дека тие се похигиенски, полесни и за да бидат произведени се потребни помалку сировини и така повеќе придонесуваaт за чување на околината.

Германското здружение за заштита на природата (НАБУ) меѓутоа критички гледа на ова: „Дури и самото име е дрско: Овде не станува бор за амбалажа за пијалоци на иднината, туку за безобѕирни економски интереси на сметка на околината“, вели претседателот на НАБУ Олаф Чимпке. Било лицемерно еднократната амбалажа да се претстави како активен придонес за климата и заштита на животната околина. Со помош на погрешни аргументи за животната средина се правела висока заработувачка. „Фабриките за полнење на шишињата заработуваат вистинско богатство поради кауцијата на шишиња кои не се вратени, а трговците заработуваат на собраната пластика“, појаснува Чимпке.

Nabu Pressekonferenz Olaf Tschimpke Dinosaurier des Jahres 2013
Претседателот на Германското здружение за заштита на природата ЧимпкеФотографија: Sabine Kinkartz

Анти награда

Лименките е евтините ПЕТ шишиња во никој случај не се безопасни за здравјето. Австриското здружение за животна средина во 2012 година објави анализа, со која тие утврдиле дека во многу пијалоци во алуминиумски лименки била пронајдена хемикалијата Биспенол А, хемиска состојка која делува како човекови хормони. Во пијалоците кои се пакувани во ПЕТ амбалажа пак е можна употреба на полуметалот антимон, за кој постои сомневање дека предизвикува рак. Неговото присуство го пронајдоа швајцараската служба за здрваство и универзитетот во Хајделберг.

За да се поттикне дебата за предностите и недостатоците од еднократната и повеќекратната амбалажа, Германското здружение за заштита на природата на лоби здружението за амбалажа на пијалоците на иднината НАБУ му ја додели негативната еколошка награда „Диносаурус 2013“.

Дали еднократната амбалажа треба да биде поскапа?

Претседателот на Германското здружение за заштита на природата Чимпке вели дека шишињата за еднократна употреба и лименките лекоумно ги трошат сировините и ја затоплуваат климата. Тој пресметал дека Германија годишно би можела да одбегне 400.000 тони пластичен смет и 1,5 милиони тони CO2, доколку најмалку 80 проценти од пијалоците би се продавале во шишиња за повеќекратна употреба. Заштитниците на природата затоа предлагаат дополнителни мерки за таквите пакување.