Заменик шефот на Златна зора не се предава
23 октомври 2020По пресудата во Грција против раководството на грчката неонацистичка партија Златна зора, заменикот шеф Христос Папас избегна апсење. Според неговиот адвокат, Папас нема да им се предаде на властите. Припадниците на полицијата извршија претрес на повеќе станови, но не го пронајдоа Папас, извести телевизијата ЕРТ. 58-годишникот е осуден на 13 години затвор поради раководење со криминална организација.
Во затвор се’ уште не е ниту поранешниот пратеник Јоанис Лагос. Тој во моментов е член на Европскиот парламент и ужива имунитет. Грција најави дека ќе побара укинување на имунитетот на Лагос.
Шефот на Златна зора, Никос Михалолијакоси други членови на раководството на партијата вчера се пријавија во полиција за отслужување на нивните затворски казни. Михалолијакос е исто така осуден на 13 години затвор. Минатата недела, по неколкугодишен судски процес,околу 50 членови на Златна зора добија казна затвор. Шестмина поранешни раководни членови на партијата и пратеници добија затворски казни помеѓу 10 и 13 години.
Мамутскиот судски процес се смета за еден од најважните во политичката историја на Грција. Причина за процесот беше смртта на левичарскиот рапер Павлос Фисас, кој беше убиен од страна на приврзаник на Златна зора во 2013 година. Извршителот го призна делото и е осуден на доживотен затвор. По убиството на Фисас следуваа претреси на објекти и истраги против партиското раководство и голем број други функционери на Златна зора поради други дела, меѓу кои и поседување оружје и создавање крминално здружение.