Заложници – Авганистан
11 август 2007Реклама
Јужнокорејските дипломати во Авганистан и натаму преговараат околу судбината на групата од 21 заложник од Јужна Кореја кои се во раце на радикалните Талибанци. Провинциската влада во Гаси соопшти дека е во тек втора преговарачка рунда, која се води во една канцеларија на Црвената полумесечина во оваа провинција. Претставник на Талибанците изјави дека постои оптимизам за наоѓање решение и дека разговорите се на добар пат. Според него, ослободувањето на заложниците е на повидок. Граѓаните на Јужна Кореја, кои учествувале во обновата на Авганистан, беа киднапирани на 19 јули. Двајца од групата заложници се веќе убиени. Во случајот со германскиот инженер, грабнат исто така на средината од јули во Авгнаистан, нема нови информации.