Загинатите Германци во Авганистан се полицајци
15 август 2007Реклама
Тројцата Германци кои утрината загинаа во екзплозијата во близина на авганистанскиот град Кабул , се полициски службеници- потврди германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле. Целокупниот државен и политички врв на Германија жестоко го осуди нападот за кој одговорноста ја презедоа талибанските бунтовници во Авганистан . Во експлозијата која се случи во областа Баграми додека конвој на возила кои и припаѓале на германската амбасада минувал покрај еден спореден пат , бил повреден уште еден соработник на германската сојузна служба за борба против криминалот . Тој меѓутоа се наоѓа вон животна опасност.