Загинати и ранети во експлозијата во Албанија
16 март 2008Вчера попладне се случија и повеќе последователни експлози од помал интензитет кои ги имаше и во текот на ноќта. Премиерот Сали Бериша кој состојбата ја оцени како драмачна доцна синоќа на прес конференција не ја отфрли можноста од поголем број загинати. Но упати порака за смирување кај населението, бидејќи како што рече состојбата е ставена под контрола и оти екпсертите гарантираат дека нема да дојде до нови големи екплозии и зафаќаање на другите воени магацини во ова село. Тој уште еднаш нагласи дека во магацинот немало ракети земја-воздух и земја - земја, но дека има голема количина муниција и динамит.
Не се работи за нестручност
Според Бериша деминирањето на муницијата која е со калибар од 60 до 153 мм го вршела специјалирзирана компанија од Јужна Каролина. Вработените Албанци беа претходно обучени од страна на експерти од ова компанија, изјави Бериша отфрлајќи ги обвинувањата дека работниците кои работеле тука биле нестручни. . Тој исто така ги демантираше информаците дека во моментот на нсреќата во магацинот имало и деца. Во моментот на несреќата на работа биле 120 работници. Меѓу нив нема американски граѓани, рече Бериша, кој призна дека најголем проблем на земјата е ограмната количина на муниција.
- Имаме над 100 илјади тони муниција депонирана во магацини низ целата територија на земјата. Поради опасноста, но и исполнувањето на стандрадите на НАТО, истата, најави тој,ќе биде уништена или деминирана.
Тој упати благодарност до сите пријателски земји, меѓу нив и Македонија за понудената помош.
Да не се создава паника
Состојбата како алармантна ја оцени и претседателот Бамир Топи, кој упати апел до граѓаните , и посебно до медиумите да не создаваат паника а за денес најави седница на Советот за нацинална безбедност.
Во акцијата за спасување и евакуција беа вклучени десет армиски и полициски хеликоптери, многу медицински, противпожарни и приватни возила. Истата беше прекина доцна синоќа и таа продолжи изутринава. Покрај понудената помош од повеќето соседни и пријателски земји, синоќа со хеликоптер на КФОР доствени беа 400 единици со крв, крв за настарадните се даруваше и во воената болница во Скопје, каде екипи се подготвени да заминат за Тирана, доколку тоа го побара тамошната влада. Санитетски хеликоптер од Грција пристигна за транспорт на тешко повредените во клиниките во Грција. Поради преполнетите капаците во Воеата болница и универзитетската клиника Мајка Тереза, во Тирана една турска болница ги отвори вратите за повредените во оваа несреќа. Повредените редовно ги посетуваат државни и партиски функционери, а во придружба на неговиот колега Љуљзим Баша нив синоќа ги посети и македонскиот министер за надворешни работи Атнонио Милошоски.
Што се однесува до евакуираните тие се повеќе од загрижени:
- Останавме под ведро небо, ни пропадна се што сме спечалиле. И ова е уште една од многуте последици кои сеуште ги трпиме од режимот на диктаторот Енвер Хоџа, вели една видно вознемирена жителка на селото Грдец.
Синоќа на плоштадот Скендер бег голем број граќани палеа свеќи за покој на загинатите и со молба до бога за здравје на повредените. Тие се надеваат дека нема да се остварат информациите на дел на медиумите дека во магацинот животот го загубиле сите 120 работници.