1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бразилски одговор на „лудилото“ од регулативи на ФИФА

Б.Мор/С.Недевски2 јули 2014

Тие се составен дел од сликата на Копакабана во Рио де Женеиро. Меѓутоа според замислите на ФИФА за време на Мундијалот, „летечките“ продавачи требаа да исчезнат од плажата. Тие успешно им пркосат на забраните.

https://p.dw.com/p/1CPo4
Фотографија: DW/P. Barth

Ексклузивна зона. Вака ФИФА го нарекува просторот околу стадионите на Мундијалот и официјалните навивачки зони. Некои пак ги нарекуваат, зони на забрани, зашто во опсег од 2 километри смеат да се продаваат само производи на спонзорите на ФИФА, и тоа исклучиво од продавачи со лиценца.

На Копакабана во Рио де Жaнеиро „летечките“ продавачи меѓутоа се неизоставен дел од сликата на плажата, а првите две седмици од Светското првенство покажуваат дека тие и‘ пркосат на забраната на ФИФА. Бразилски одговор на „лудилото„ од регулативи на ФИФА.

Ледена и свежо миксана. Бразилскиот национален пијалок-каипириња- е најомилен и најпродаван меѓу фудбалските навивачи на Копакабана.

„Каипирињата навистина е вкусна. Да секој ја пие со задоволство. Едноставно е најдобра“, вели Виктор Нашименто, продавач на каипириња.

Brasilien WM 2014 FIFA Fan Fest an der Copacabana in Rio
Фотографија: Fernando Maia/Riotur

Меѓутоа она што им е вкусно на туристите, не значи дека е одобрено од ФИФА. Зашто, тука пред портите на навивачката зона, ексклузивно право на продажба имаат спонзорите. Наместо тоа, тука е како на пазар. Се продава сѐ и сешто- дури и маскоти на ФИФА, фалсификувани, како и повеќето нешта тука.

Дали се ова оригинали?- прашуваме. Не, се разбира не, вели еден продавач на дресови на фудбалските репрезентации. Тоа се копии, дополнува.

Теоретски - случај за редарите на плажата. Тие меѓутоа не изгледаат претерано ангажирани, да ги спроведат правилата на ФИФА. Пазарлакот непречено продолжува - директно пред нивните очи. Вилсон Нашименто вели: „Ако сега овде ни одредат казна, тогаш во името на ФИФА би ги казниле своите луѓе. 3000 продавачи се 3000 џепчии помалку, а со тоа и 3000 проблеми помалку за ФИФА и за Бразил“.

Затоа редарите порадо гледаат настрана и се прилагодуваат на овој мал бразилски бунт против строгите правила на ФИФА.