1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забранета најголемата неонацистичка организација во Германија

21 септември 2011

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих денеска ја забрани работата на најголемото нацистичко здружение-„Организацијата за помош на националните политички затвореници и нивните блиски“.

https://p.dw.com/p/12dc8
Млади неонацисти при една демонстрацијаФотографија: PA/dpa

Организацијата под плаштот на наводно хуманитарно згрижување на затворените десни екстремисти го јакне нивното националистичко убедување и ги мотивира на продолжување на „борбата против системот“, гласи образложението на Министерството за внатрешни работи на Германија за изречената забрана на нацистичката организација. Истовремено, кај водечки членови на организацијата во покраините Баварија, Долна Саксонија, Северна Рајна Вестфалија и Рајнланд Пфалц се извршени претреси.

Според Министерството, „Организацијата за помош на националните политички затвореници и нивните блиски“ била цел на темелен претрес уште минатата година. Во меѓувреме добиените податоци и нивната обработка довеле до сознанието-на организацијата може да и‘ се припише активна борба против демократскиот уставен поредок. Нејзината цел всушност не е ресоцијализација на казнуваните десни екстремисти, туку напротив, нивно зацврстување во криминалниот десноекстремистички спектар, под мотото „еден фронт-внатре, како и надвор“. Според актуелниот извештај на Службата за заштита на уставниот поредок, „Организацијата за помош на националните политички затвореници и нивните блиски“ е регистрирана во 1979 година и со своите 600 членови е најголемата активна неонацистика организација во Германија.

Автор: ЖА/ЕТ/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска