Забавен спорт - бабл-фудбал
1 март 2014Добро е за релаксирање од напрегнатоста и во бабл-фудбалот од тоа ретко има болни последици. Но, напорно е. Огромната топка или меур, тежи 10 килограми. Даниел Диаз, играч на АСЦ 09 Дортмунд, по одиграниот бабл-меч, раскажува:
„Да, забавно беше. Денеска цел ден гледавме видео снимки на Јутјуб и се радувавме што конечно и самите ќе можеме да испробаме.“
Неговиот тимски колега, Золас Ленерц, додава:
„Ова беше едно искуство. Супер е - ќе те турнат во дуел и се тркалаш, воопшто не боли и добро е што е така.“
За Франсис Бугри, исто така од АСЦ 09 Дортмунд, тренингот е одличен:
„Изгледаше опасно кога го гледавме на интернет, но се чувствуваш вистински сигурно и ова беше супер, супер тренинг.“
Она што го играат фудбалерите од АСЦ 09 Дортмунд, е всушност спорт од Данска, кој таму е во тренд. Исто како во фудбалот, мора да се даваат голови.
Некои таленти дури овде излегуваат на виделина.
„Изненадувачки е што денеска еден 18-годишник, кој инаку е секогаш многу тивок, вистински се ’издува’, а во вакви услови можеби ќе се отворат и други карактери. Тоа е всушност заднината на сево ова“, вели Ленерц.
Еден „бабл“, или меур, може да чини над 550 евра. Скапа забава, но помага. Диас заклучува:
„Во секој случај беше добро за малку да се ослободиш од агресијата, да ги бркаш соиграчите низ теренот, без притоа да боли. Имаше и неколку голови, неколку дуели. За жал, тренингот беше малку краток, но мислам дека ова уште еднаш ќе повториме.“
Забава за луѓе кои тежат помалку од 90 килограми. Тоа е лимитот. Оти, во спротивно меурот ќе пукне.