1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За горчлива сиромаштија не се добива азил

АТ/ дв/ ЗЦ/ ФАЦ14 февруари 2014

Весникот „ЗЦ“ пишува за лажните азиланти од Балканот, споменувајќи дека оние кои се прогонувaни остануваат пред портите на Европа. Весникот „ФАЦ“ пишува за младите во БиХ и нивните (не)реaлани очекувања за вработување.

https://p.dw.com/p/1B8dV
Фотографија: Fotolia

Весникот „Зиддојче цајтунг“ пишува за системот за азил на ЕУ наведивајќи дека не им се нуди доволно заштита на оние кои бегаат од прогонување: „Две вести од изминатата седмица ја покажаа целата мизерија на германската политика кон бегалците. 12 бегалци се удавија при акција на грчката крајбрежна стража во Егејот. Многу бегалци од Сирија и Авганистан се обидуваат преку Средоземното Море меѓу Турција и грчките острови да стигнат до Европа.

Од друга страна се објавени бројки на барателите на азил во Германија. Во јануари повеќето дојдоа од Србија, на четврто и петто место се Македонија и БиХ. Речиси ниеден барател на азил од овие земји не може да докаже дека е политички прогонуван. Само на еден единствен му е признат статус на бегалец.

И двете вести покажуваат растечки дисбаланс во германскиот и европскиот систем за азил. Луѓето кои бегаат од послушниците на Асад и од бомбите од Сирија, оние кои бегаат од теророт на талибанците во Авганистан, значи луѓе кои навистина се прогонувани, застануваат пред границите на Европа. Истовремено пристигнуваат илјадници мигранти, пред сѐ од балканските земји Србија и Македонија, кои се обидуваат преку азил да добијат престој. Нивните мотиви се разбирливи, честопати се обидуваат да избегаат од горчливата сиромаштија и дискриминација. Одлуката тие да се протераат, не е едноставна, честопати е тоа враќање во беда. Не случајно повеќе германски покраини се попустливи и чекаат до пролет со протерувањето. Меѓутоа балканските бегалци не се политички прогонувани, и со тоа нивните барања за азил се безизгледни“, пишува „Зиддојче цајтунг“.

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ ја разгледува состојбата со невработеноста на младите во БиХ:

„Кога на југот или на истокот на Европоа доаѓа до немири, не минува долго време, а тие да не се протолкуваат како резултат на високата стапка на невработеноста на младите. Ништо поинаку не е ниту со протестите во БиХ. Политичарите во БиХ не се во состојба да ја сузбијат невработеноста на младите, пишуваше деновиве да речеме во швајцарскиот 'НЦЦ'. И навистина во БиХ, според податоците на Светска банка 58 проценти од младите меѓу 15 и 24 години се невработени. Тоа дури и за балкански прилики е потресна бројка.

Дали е БиХ држава во која корумпирана политичка елита не им дава шанса на младите и добро образовани луѓе? Словенката Катарина Цвикл, кој од 2012 работи за Институтот за социолошки истражувања во БиХ 'Попилари“ дава поинаков одговор на ова прашање. Од емпириски поткрепени анализи и студии може многу да се научи за БиХ, како на пример дека многу млади невработени Босанци и Херцеговци се самите виновни за мизеријата во која живеат. Студијата пред сѐ ги анализирала апсолвентите на високошколските институции. (...) Во БиХ постојано се тврди дека е лоша економската ситуација и недостигот на можности за работа е причина за невработеност. Но, и самите млади носат свој дел од одговорноста. Тоа почнува со нереалните очекувања на многу апсолвенти. Постојано им велат дека тие се елитата на земјата и дека вработување чека на нив. Нивните погледи доаѓаат и од нивните професори, кои воглавно припаѓаат на старата југословенска школа. (...)

Родителите им даваат поддршка на своите деца во верувањето дека се премногу драгоцени да работат некоја работа која не е доволно престижна или која не е во согласност со нивниот образовен профил, се вели во институтот 'Популари'. Многу студенти не сакаат ниту да знаат за пракса, за одење на еден семестар на факултетите во странство, каде со дополнителни работи самите би можеле да се финансираат или со натамошно образование. Во Велика Британија, каде Катарина Цвикл завршила студии, студентите самите низ разни работи финансираат барем дел од многу скапите студии“, пишува ФАЦ и дополнува:

„Институтот 'Популари' е критикуван во БиХ поради оваа студија: 'Извештајот им ја препишува вината на младите без вработување и ги амнестира политичарите. Освен тоа 'Популари' не се запрашал зошто факултетите во Босна и Херецеговина произведуваат апсолвенти, кои немаат шанси да се снајдат во службениот живот. Критиката не е неоснована вели Катарина Цвикл и најавува наредна студија, која ќе го разгледа образовниот систем во БиХ“, пишува ФАЦ.