1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жртви од свински грип во Хрватска и БиХ

Zana Aceska7 јануари 2011

Две лица во Хрватска и едно лице во БиХ починаа од свински грип од почетокот на 2011 година. Епидемиолозите велат-ова е умерен бран на епидемијата, кој својот врв би можел да го достигне наредните две недели.

https://p.dw.com/p/zupk

Педесетгодишен човек од околината на Загреб денеска почина во загрепската болница за инфективни болести од компликации предизвикани од свински грип и тој е втора жртва годинава од вирусот Х1Н1 во Хрватска. Уште пет лица се хоспитализирани поради зараза од вирусот на новиот грип и се наоѓаат во критична состојба. Во болницата во Сараево пак почина шеесет и петгодишен пациент заразен со вирусот Х1Н1.

Schweinegrippe - Impfung
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Последните неколку денови во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево било потврдено присуството на вирусот на грипот Х1Н1. Присуството на вирусот било потврдено кај двајца пациенти. Во Германија со почетокот на новата година расте бројот на лица заразени од вирусот нс свински грип. Едно тригодишно девојче и еден 51-годишен маж деновиве починаа од болеста.

Вирусот Х1Н1 се појави во 2009 година и предизвика пандемија, позната како свински грип. Лани од грипот, предизвикан од вирусот Х1Н1 заболеа 60.000 луѓе,а умреа 58 лица. Во институтот Роберт Кох во Берлин истакнуваат дека актуелната состојба не може да се спореди со онаа во 2009 година.

Автор: СН/ЖА/миа/бета/дпа

Редактор: Жана Ацеска