Животот на Ромите во Охрид меѓу старите приказни и новите достигнувања
9 октомври 2007Реклама
Емина има 27 години. Нејзините претци неколку колена нананзад потекнуваат од Охрид. Навидум во ништо не се разликува од останатите охридски девојки. Напротив, во ромската средина е многу почитувана и таа е првата жена Ромка која е претседател на огранок на Сојузот на Ромите и член на националното координативно тело за спроведување на ромската декада. Студира социјологија на филозофскиот факултет во Скопје и работи во министерството за култура.
Емина ги застпува интересите на Ромите од Охрид и меѓу другото смета дека последниот попис не е валиден, и признава дека е присутна тивка асимилација. Денеска има Роми кои се високо обраозвани, но со ромската декада цел е да се образуваат уште повеќе млади Роми.