1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Жената која им суди на мажи

Даниела Корина Шпет
9 јули 2019

На фудбалското игралиште таа е шеф! Запознајте ја Дорсаф Гануати, првата Африканка и Арапка која е врвна фудбалска судијка во Тунис.

https://p.dw.com/p/3LmYn
Fussball WM 2018 Halbfinale: Kroatien - England
Фотографија: picture-alliance/ULMER/M. Ulmer

„Ова прво беше професија каде монопол има мажите. На почетокот имав проблеми. Беше невообичаено за жена“, вели 35-годишната Дорсаф Гануати, прва Африканка и Арапка која суди на топ-натпревари.

Таа е судијка на натпревари во втората и третата лига во Тунис. Нејзиниот подем до врвот не бил лесен:

„Како судија мора да бидам почитувана, има правила и моите одлуки мора да бидат почитувани. И да се коректни и да се некоректни, тие се спроведуваат согласно правилата.“

Почнала како голман во Бардо. Од 2015 година е меѓународен судија на ФИФА.

„На почетокот мораше да се работи многу напорно, како физички, така и во технички поглед. Треба да се стои на солидна основа.“

Притисокот од работата и семејните обврски се исто така предизвик за Дорсаф:

„Малку е нефер кон мојата ќерка, поради недостигот на време, но од мајка ми добивам многу поддршка.“

За што сонува Дорсаф гануати, погледнете во видеото: 

Жената која им суди на мажи