1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ештон на босанските политичари мора да им каже - доста е!

М. Максимовиќ / Е.М.Фиданоска12 март 2014

Високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон од лидерите на БиХ сака да чуе како тие ќе одговорат на барањата награѓаните за подобри услови за живот. Ештон би морала и „гласно да каже дека сега е доста“, оценува Дорис Пак.

https://p.dw.com/p/1BNsL
Фотографија: Reuters

Кетрин Ештон во Босна и Херцеговина разговара со претставници на политичките партии, на државни институции и на цивилното општество. „Посебен фокус ќе биде ставен на економските и социјалните прилики во земјата“, се порачува од Брисел.

„Кетрин Ештон сака да слушне кои се грижите на граѓаните. Лидерите во земјата мораат да одговорат на тие важни и сериозни прашања. И ЕУ сака да пружи своја поддршка за народот во БиХ да почувствува вистински добробит“, изјави портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано.

Според Стано, ЕК покрај постоечкиот политички дијалог и натамошно инстистирање на примена на пресудата Сејдиќ-Финци, осмислила и „нов пристап“, кој се фокусира на економскте реформи во регионот на Западен Балкан.

Hillary Clinton in Bosnien
Кетрин Ештон во Сараево, во октомври 2012 годинаФотографија: Reuters

Пак: БиХ е нерешено прашање во дворот на ЕУ

Шефицата на европската дипломатија, осен тоа што ќе ги „сослуша“ босанските политчари, би морала и да каже „гласно дека сега е доста“, смета известувачот на Европскиот Парламент за БиХ, Дорис Пак. Таа за Дојче Веле оценува дека било крајно време Ештон да ја посети БиХ.

„Кога комесарот Филе минатиот пат се врати од БиХ (без резултат од договорот за примена на пресудата Сејдиќ-Финци), тоа веќе беше знак за узбуна и знак дека некој со повеќе ингеренции и влијание, некој задолжен и за Советот на ЕУ и ЕК, би морал да отиде таму и на политичарите да им каже дека мора да го работат она за што се избрани. Зашто онака како што сега стојат работите во БиХ, тоа не води никаде, само наназад“, вели Пак.

Тоа што Високата претставничка на ЕУ, покрај разговорите во Иран и Украина, патува во БиХ, според Пак, е знак дека ЕУ сфатила дека има нерешени проблеми во „својот двор“.