1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ја остава Грција на цедило во бегалската криза

ЖА/билд/дпа/ртре2 август 2016

ЕУ очигледно далеку заостанува зад договорената поддршка на Грција во бегалската криза - каде се ветените експерти за азил, правници и преведувачи?

https://p.dw.com/p/1JaKK
Фотографија: picture-alliance/augenklick/S. Matzke

Дали слаткозвучните најави од Брисел за поддршка на Грција во совладувањето на напливот бегалци и нивната репатријација се само празни фрази? Според извештај на весникот „Билд“, земјите од ЕУ им пружаат далеку помала помош на грчките власти од најавената. Така на пример, само 66 од ветените 1580 службеници на Фронтекс, Службата за заштита на границите, се испратени во Грција, известува весникот, повикувајќи се на податоци од Европската комисија. Освен тоа, во Грција стигнале само двајца од бараните 60 експерти за водење на постапките за репатријација, 92 од ветените 475 службеници кои ќе ги обработуваат апликациите за азил и 61 од најавените 400 преведувачи. Од 30 правници кои требаше да бидат испратени како засилување, досега во Грција не стигнал ниеден.

Последица на завлечената реализација е соодветно пролонгирано завршување на постапките за азил, поради што само мал број бегалци можеа досега да ја напуштат земјата.

Од стапувањето во сила на Договорт за бегалци меѓу ЕУ и Турција во средината на март, од Грција во други членки на ЕУ се преместени само 849 бегалци, а во Турција се вратени 468, објавува „Билд“.