1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака да ги сопре „патувачките терористи“

Бернд Ригерд/ А.Трајковска 11 октомври 2014

Со многу засилени контроли и подобри податоци за истрагата министрите за внатрешни работи на ЕУ сакаат да се борат против џихадистите, кои од Европа заминуваа за Сирија или Ирак. Притоа има потешкотии и правни пречки.

https://p.dw.com/p/1DT6v
Фотографија: Fotolia/m.schuckart

Нападот врз Еврејскиот музеј во Брисел на крајот на мај, во кој џихадист - повратник уби четири луѓе, ги разбуди министрите за внатрешни работи на ЕУ. Се формираше т.н. „Белгиска група“ - група од средноевропски држави, од кои потекнуваат повеќето од околу 3000 европски борци на терористичката група Исламска држава. Оваа група, кон која припаѓа и Германија, сега ги убеди сите 28 земји членки на ЕУ да делуваат побрзо и поодлучно против т.н. патувачки борци. „Ние не сакаме луѓе од Германија, од Европа, да учествуваат во овие страшни насилнички дела. И исто така не сакаме тие, кога ќе се вратат, да планираат напади во Германија или Европа“, рече германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие за ДВ на состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург. Со засилени контроли на надворешните граници на ЕУ, со документирање на податоците за патниците, кои користат авионски сообраќај, како и со повлекување на документите за патување, треба да бидат сопрени т.н. патувачки терористички борци, рече надлежната ЕУ комесарка за внатрешни работи Сесилија Малмстром.

Границите на ЕУ треба да бидат построго контролирани

„Немаме време за губење“, опомена ополномештеникот за антитероризам на ЕУ Жил де Кершов. Притоа ЕУ мора да се соочи со внатрешните правила. Имено, систематски контроли на ЕУ-граѓани на границите во Шенгенскиот простор не се дозволени. Граничарите ги внесуваат податоците на патниците во „Шенгенскиот информационен систем“ само повремено, по принцип на случаен избор. Во овој централен сервер сите национални надлежни власти внесуваат и податоци за барани или сомнителни лица. Пребарувањето во овој систем трае неколку минути и е исклучок. Вообичаено на надворешните граници на ЕУ се контролира патната исправа и важноста на документот. Доколку за секој патник се пребарува во „Шенгенскиот информационен систем“ веројатно би се создале големи редици на аеродромите и граничните премини. Тоа се сака да се избегне, вели ополномоштеникот за антитероризам на ЕУ. Но, сепак, како што се вели, постои доволно простор и би можело да се прошират контролите и поефикасно да се контролираат одредени рути или групи патници. Министрите за внатрешни работи се единствени во ставот да не се менуваат законите за патување. Тоа би траело предолго.

Gilles De Kerchove Terrorismusexperte
Жил де КершовФотографија: AFP/Getty Images/Emmanuel Dunand

Досега „Шенгенскиот информационен систем“ ги опфаќаше сите можни казнени дела: од трговија со луѓе преку деликти со дрога до сексуални кривични дела, но не и борци на ИД кои патуваат. ЕУ-државите, секоја за себе, мора да усвои резолуција на ОН, според која самото патување во една одредена област би се третирало како кривично дело. Ваквото заострување на меѓународното право за Германија нема да може едноставно да се реализира, бидејќи тоа би било од правен аспект новина, се дознава од дипломатски кругови.

Резервни документи наместо лична карта

Франција, Велика Британија и Германија почнаа со спроведување мерки за олеснување на условите за повлекување на патните документи. На лицата за кои постои сомневање дека би можеле да заминат како борци би требало да им се повлечат документите, за легално да не можат да го напуштат Шенгенскиот простор.

Во моментов, за влез во Турција и натамошно патување за Сирија за ЕУ-граѓаните е потребна само лична карта. Таа, според германското право, не може да биде повлечена. Германските власти можат да изречат забрана за патување, која еден граничен полицаец не може да ја види ниту во личниот докумет, ниту во „Шенгенскиот информационен систем“. Маркирање на личната карта од уставно-правни причини е тешко. Затоа министерот за внатрешни работи Томас де Мезие предлага на осомничените за тероризам да им се одземе личната карта и да им се издаде резервен документ, на кој ќе стои „само за патување во Германија“.

Thomas de Maziere 09.10.2014
Томас де МезиеФотографија: DW/Bernd Riegert

ЕУ-министрите за внатрешни работи постигнаа согласности за тоа да се воведе собирање на податоците на патниците во авионскиот сообраќај. Со системот наречен PNR (Passenger name record) би требало да се собираат податоци на патниците и на тој начин да може да се реконструираат рутите на патување на терористите, вели ополномоштеникот за антитероризам во ЕУ. Проблемот е што Европскиот парламент веќе две години го блокира овој систем. Со парламентот сега би требало да почнат разговори за да се надминат задршките на парламентарците во однос на заштитата на податоците.

Да се спречи пропагандата на интернет

Исто така, со правни средства треба да биде прекината рекламата со која се будат симпатии за ИД на интернет. За да се избегнат долгите постапки ЕУ министрите за внатрешни работи полагаат на доброволна соработка со големите интернет концерни. Претставници на Гугл, Мајкрософт и Твитер на неформална вечера во Луксембург се согласиле да ги избришат или блокираат нелегалните постови за ИД на социјалните мрежи и цели веб страници. „Тоа нема да ја спречи пропагнадата на ИД на интернет, но ќе ја отежне“, рече еден германски експерт за безбедност во Луксембург. Приврзаниците на ИД уште сега користат алтернативни понудувачи, како на пример социјална мрежа во Русија.

Symbolbild Beamter Bundespolizei Flughafen Frankfurt Passkontrolle Dokument
Повеќе податоци за граничната полицијаФотографија: picture-alliance/dpa