1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ како центар за регрутација за Исламската држава

Ралф Зина (ард)/ А.Трајковска29 август 2014

Повеќе од 2000 луѓе од ЕУ би можело да се борат на страната на терористичките милиции Исламска држава во Сирија, проценува Комисијата на ЕУ. Младите преку Истанбул патувале за Сирија, велат експертите за безбедност.

https://p.dw.com/p/1D2yX
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Дали во Брисел, Хаг или Лондон: Приврзениците на терористичкото движење Исламска држава (ИД) го покажуваат своето црно знаме во голем број главни градови во Европа. „Со сигурност зборуваме за повеќе од 2000 лица“, изјави портпарол на Комисијата на ЕУ на прашањето каква е проценката на ЕУ за бројот на борците кои од Европа патуваат во обалстите во Сирија и Ирак каде владее Исламската држава. Тие таму добиваат воена обука, за по нивните терористички акции некогаш повторно да се вратат во Европа.

Се разбира дека тоа било голема опасност за Европа, нагласува Комисијата на ЕУ. Само во Сирија во моментов, според податоци на владата во Брисел се бореле 385 Белгијци, повеќето од нив на страната на терористите од Исламската држава. Многумина од нив според информации на белгиската влада доаѓале од Антверпен или Брисел.

Борците на ИД се презентираат преку интернет

„Во Брисел имаме невработеност, сиромаштија, безперсепективност меѓу младите и енромен криминал“, говори проповедникот на омраза Агнем Хондари, еден од идеолошките поттикнувачи на радикалните исламисти, кои се борат за ново „шарија за Белгија“ - движење.

„Зависност од игри, алкохол, дроги, проституција дивеат во цела Европа“, говори преку микрофонот пропагандистот на шаријата Хондари на еден т.н. „Анти демократски форум“ во Европа и бара алтернатива за системот. Таа алтернатива многумина негови првирзаници ја гледаат во калифатот кој го пропагираат терористите на Исламската држава.

Преку Истанбул до Сирија

На посебно голема резонанца ваквите тиради на омраза наидуваа во холандскиот центар на сиромашни Шилдерсвајк. Приврзаниците на ИД во населбата во Хаг на една демонстрација им најавија отворена борба на Евреите и на САД.

Најмалку 140 Холанѓани во меѓувреме се борат во Ирак и во Сирија. Повеќето од европските борци на ИД прво патуваат во истанбулската населба Фатих, каде според сознанијата на европските безбедносни експерти во една неформална канцеларија на терористичката организација Исламска држава добивале до 400 долари почетна помош за преминување на границата кон Сирија. Во камповите за тренинг на Исламската држава во Сирија тие идеолошки се радикализирале и добивале воена обука. И многумина се обидуваат по нивните терористички активности повторно да се вратат во ЕУ.

Загриженост од напади во Европа

Токму враќањето на овие странски борци е закана за внатрешната безбедност на Еворпа, нагласува портпаролот на Комисијата на ЕУ. Според информации на експерите за безбедност на европската служба за надворешни работи меѓу нив и т.н. „спијачи“, кои во Европската унија извршуваат редовна работа и својот годишен одмор го користат за преку Истанбул или Анталија да отпатуваат во терористичките кампови на Исламската држава и таму да се подготват за подоцнежни терористички напади во Европа.