1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-Велика Британија: Пробив во спорот за Брегзит

СН/ агенции
8 декември 2017

Европската комисија даде зелено светло за втората фаза во преговорите за Брегзит. Конечна одлука за тоа мора да донесат лидерите на ЕУ на самитот наредната недела.

https://p.dw.com/p/2p0jy
Belgien May und Juncker in Brüssel
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Лондон и Брисел остварија пробив во спорот за излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Ова го соопшти Европската комисија по средбата меѓу британската премиерка Тереза Меј и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Доволен напредок е постигнат во преговорите за разводот на Обединетото кралство од Унијата, изјави Јункер утрината. Според него така може да се влезе во наредната фаза на разговорите за Брегзит.

Повеќе на темата:

-Лондон има термин за излез од ЕУ

-Може ли Брегзит сепак да биде откажан?

-Брегзит: Некој лаже или таква е тактиката?

„Денеска постигнавме компромис“, рече Јункер, додавајќи дека преговорите биле тешки. Премиерката Меј денеска дојде во седиштето на ЕУ по целовечерните разговори за прашањето на ирската граница, кое беше последен камен на сопнување. Меј изјави дека нема да има 'тврда граница' и оти државјаните на ЕУ ќе може да живеат, како што навикнале.

Grenze zwischen Irland und Nordirland
Фотографија: picture alliance/empics

Премиерката додаде дека двете страни морале да попуштат во преговорите. Таа смета на тоа дека лидерите на ЕУ на завршниот самит годинава на 14 и 15 декември во Брисел ќе ги постават одредниците за Брегзит. Тогаш може да биде означен и почетокот на наредната фаза во преговорите.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск денеска го поздрави постигнатиот напредок и изјави дека веќе им испратил насоки на лидерите на ЕУ во врска со преговорите за Брегзит.