1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалација на Блискоисточниот конфликт

Керстен Книп/сн7 октомври 2015

Растат тензиите во Блискоисточниот конфликт, се зголемува насилството и на израелска и на палестинска страна. Набљудувачите веќе предупредуваат од трета интифада. Поголеми грижи меѓутоа им задава една друга работа.

https://p.dw.com/p/1Gjj7
Фотографија: picture-alliance/Xinhua/Jini

Му се заканува ли на Блискиот Исток нова , трета интифада? Ова прашање сѐ почесто се поставува по ескалацијата на насилство во последниве денови. Поранешниот палестински преговарач Саеб Ерекат во интервју за една палестинска радио станица минатиот викенд изјави дека гледа некакви паралели со почетокот на втората интифада во 2000 година. Израелската тајна служба, судејќи според она што го пишува израелскиот весник „Јерусалем пост“, истотака не ја исклучува можноста од нова интифада- иако сѐ уште не смета дека таа опција е извесна.

Јасно е дека насилството е во пораст во изминатите неколку дена. Во текот на викендот на Западниот Брег и во Ерусалим во повеќе наврати дојде до судири меѓу млади Палестинци и израелските војници и полицајци. Палестинците фрлаа камења и молотови коктели, израелските сили за безбедност возвратија со гумени куршуми. Судири имаше и со екстремистичките еврејски доселеници на Западниот брег. Во понеделникот израелското воено воздухопловство изврши напад во Појасот Газа, а оттаму кон Израел претодно беше испукана ракета.

Претходно во три палестински напади загинаа четворица Израелци а повеќемина беа повредени. Напаѓачите беа ликвидирани од страна на припадниците на израелската војска. Освен тоа израелски војници, според палестински наводи, во неделата убила е еден 18-годишен Палестинец, за време на безредијата во Тулкарем на Западниот брег. Уште неколку Палестинци, како што се тврди, биле повредени.

Palästina West Bank Razzia Protest Israel Flagge Kinder Jugendliche Hebron
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Hashlamoun

Религиозните екстремисти го злоупотребуваат судирот

Посебно вознемирувачки е тоа што судирите меѓу двете страни сѐ почесто ги злоупотребуваат религиозните екстремисти. Еден млад Палестинец кој во минатиот викенд со нож уби еден Израелец во стариот дел на Ерусалим, бил член на џиадистичката организација „Исламски џихад“. „Третата интифада започна“, ова според информациите на израелскиот дневен весник „Аруц шева“ го напишал Палестинецот на својот Фејсбук профил,

„Исламски џихад“ за волја на вистината не ја презеде одговорноста за нападот. Сепак, интернет-магазинот „Ал-Монитор“, кој се занимава со политиката на Блискиот Исток, стравува дека конфликтот би можел да добие сѐ поголема религиозна димензија. „Во време во кое религиозните фанатици од сите страни имаат поддршка од сѐ поголем дел од населението, и во блискоисточниот конфликт сѐ поизразено доминираат организации како „Исламска држава“ (ИД), Ал Каеда,Хезболах, Хамас и други. И во Израел религиозните фанатици открија колку е едноставно да се внесе немир во цели региони.“

Радикалите имаат сѐ поголема поддршка

Не е исклучено, навистина и да дојде до тоа. Радикалите на двете страни имаат сѐ поголема поддршка. Хамас кој владее со Појасот Газа веќе со месеци се бори против радикалните џихадисти. Во Израел и на Западниот брег војската сѐ почесто е вклучена и во судири со екстремистичките еврејски доселеници.

Додека во Израел има релативно малку радикали, конфликтот на арапската страна би можел да биде злоупотребен за мобилизација со значително поголем обем. „Лидерите на ИД, Ал каеда, Хезболах и сличните организации можеби воопшто не ги интересира судбината на нивните палестински браќа, ама тие го користат нерешениот конфликт за да регрутираат млади Арапи и Палестинци“, пишува „Ал-Монитор“.

Israel Soldaten Palästina West Bank Razzia
Фотографија: Reuters/A. Qusini

Ништо од компромис

Во меѓувреме весникот „Јерусалем пост“ ја критикува политиката на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Ништо друго не ѝ паѓа на памат освен отворање на нови контролни точки и блокади на сообраќајот на палестинските камиони на патиштата кои се релевантни за безбедносната состојба“, пишува овој весник. „Тоа се тактички решенија на ограничени луѓе кои не се подготвени да се позанимаваат со целокупната ситуација, со други зборови: стратешката реалност“. Затоа е разбирливо тоа што Палестинците отфрлаат покренување на преговори од самиот почеток. „Тие конечно сакаат да знаат каде водат тие преговори.“

Од друга страна, пишува овој весник, и Палестинците пропуштија шанси. Запирањето на изградбата на нови еврејски населби пред пет години не го искористија за да остварат сериозен напредок во преговорите. „Токму како и Израелците и тие не се подготвени на компромиси“.