1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган сака да ја казнува Франција постепено

24 јануари 2012

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го критикуваше францускиот закон со кој ќе се казнува негирање геноцид. Тоа е „масакр на слободата на мислење“, рече Ердоган.

https://p.dw.com/p/13p8O
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска во АнкараФотографија: dapd

Законот изгласан во францускиот Сенат е дискриминаторски и расистички, изјави денеска (24.01) турскиот премиер Реџеп таип Ердоган пред политичари на неговата партија АКП во Анкара. Сепак, тој пред телевизиските камери, не наведе конретни податоци за санкциите што неговата влада ги најави против Франција. „Се‘ уште се надеваме дека грешката ќе биде корегирана“, изјави Ердоган, наведувајќи дека во спротивно Анкара ќе ја казнува Франција чекор по чекор.

Ердоган го повтори индиректно обвинувањето дека францускиот претседател со законот прави изборно тактички маневар. „Ова е обид да се добиваат гласови со непријателство кон Турција“, рече турскиот премиер.

Францускиот Сенат вчеравечер и покрај заканите од Турција го донесе новиот закон кој предвидува казни за лицата што ќе негирата геноциди. Турција негира дека за време на Првата светска војна во Османлиското царство е извршен геноцид врз Ерменците.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Ж. Ацеска