1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган сака да биде единствен владетел

Рајнхард Баумгартнер/ сн6 мај 2016

Турскиот претседател Ердоган победи во борбата за моќ против премиерот Давутоглу. Но таа покажа дека отпорот против моќничките амбиции на претседателот се зголемува, дури и во владејачката АКП, смета Рајнхарт Баумгартнер

https://p.dw.com/p/1Ij2U
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Altan

Застрашувачки е со каква консеквентна непопустливост Реџеп Таип Ердоган ги спроведува своите претензии за моќ. По секоја цена тој сака промена на Уставот, која него ќе го направи неприкосновен владетел на земјата. На два последователни изборни циклуси, турските гласачи не му дадоа поддршка за тоа. Двапати на владејачката партија АКП јасно и недостасуваше неопходното мнозинство за промена на уставот.

Меѓутоа тој, кој постојано се повикува на тоа дека е прв претседател на неговата земја избран од народот, не сака да ја прифати оваа порака. Тој го назначи Ахмет Давутоглу за негов наследник на премиерската функција. Тој во него гледаше поводлив извршувач на неговата политичка волја. Тоа сосем очигледно не функционираше. Ахмет Давутоглу и покрај сета лојалност кон Ердоган сепак остана премногу самостоен.

Критики кон Ердоган веќе со месеци

Веќе со месеци врие во владејачката партија АКП. Партиските големци како Абдула Ѓул и Булент Аринч изразија незадоволство од нескротливиот стремеж за моќ на претседателот Ердоган. Од тоа немаше никаква полза. Напротив: Ердоган, кој според важечкиот устав треба да биде неутрален, дополнително ја засили контролата врз АКП.

Пред неколку дена извршниот комитет на АКП му го одзема правото на партискиот лидер Давутоглу да назначува регионални претседатели на АКП. На интернет се појави блог, кој работи под насловот „Пеликанско писмо“. Во овој блог премиерот Давутоглу е прописно омаловажуван. Турските коментатори претпоставуваат дека зад оваа кампања на дезавуирање се крие претседателската палата.

Reinhard Baumgarten Kommentarbild App EINSCHRÄNKUNG PROVISORISCH
Рајнхард БаумгартенФотографија: SWR/Kluge

„Љубовта“ меѓу Ердоган и Давутоглу е завршена. Премногу проевропски настроен бил шефот на владата, премалку го бранел претседателот од заговорниците и непријателуте, гласат некои од обвинувањата. Аргументите против универзитетскиот професор на функцијата премиер звучат како од 19. век.

Кој ќе биде наследникот на Давутоглу?

Кој ќе го наследи Давутоглу? Можеби министерот за транспорт Бинали Јилдирим. Можеби министерот за енергетика Берат Албајрак. Тој му е зет на Ердоган. Претседателот ќе се погрижи за тоа наследникот на Давутоглу да биде повеќе по негов вкус. Демократијата во Турција со тоа ќе западне под уште поголем притисок

Уште од поодамна поради концентрацијата на моќ во рацете на Ердоганмораа да се постават многу прашања за уставната распределба на моќта. Не го прави тоа само опозицијата во земјата, туку и Европарламентот и Еврокомисијата јасно го направија тоа во нивните последни извештаи. Колку повеќе политичката моќ во Турција се концентрира во рацете на претседателот Ердоган толку е поголема загриженоста за демократијата и стабилноста во кандидатката за членство во ЕУ.