1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган одново побара прием на Турција во ЕУ

16 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDM

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган уште еднаш се заложи за прием на Турција во Европската Унија . Тој за време на отворањето на Индустрискиот саем во германскиот град Хановер истакна дека Турција не доаѓа во ЕУ за да биде товар туку да понесе дел од товарот. Турција инаку оваа година е земја партнер на самот во Хановер , па така тој вчера беше свечено отворен во присуство на премиерот Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел.