1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

031011 Türkei Deutschland PKK

4 октомври 2011

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган обвини германска институција во Турција дека префрлува пари на забранетата Курдска работничка партија. Берлин ги отфрли обвинувањата.

https://p.dw.com/p/12lNK
Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: dapd

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган беше на враќање од посетата во Македонија, кога ги вчудоневиди новинарите кои го придружуваа со своето обвинение: германските фондации ја поддржуваат забранетата Курдска работничка партија, ПКК. Ердоган не сакаше да прецизира на која организација мисли. Но, очигледно се работи за Друштвото за меѓународна соработка ГИЦ и Германската банка за равој, КФВ. Двете институции се присутни во Турција долги години, Банката за развој по налог на Министерството за економија финансираше со дотации или поволни кредити повеќе од 100 проекти, пред се‘ снабдување со вода или одводнување и депонирање на смет во Турција, меѓу другото и во милионската метропола Дијарбекир, каде претежно живеат Курди.

Bettler in Diyarbakir
Дијарбекир, претежно населен со КурдиФотографија: AP

Ердоган тврди дека оваа развојна помош се злоупотребува од страна на опозиционите градоначалници и комунални политичари и е пренасочувана на ПКК или стопанственици блиски на партијата, и тоа со знаење на Германците. Обвинување, кое не е насочено само против ГИЦ и КФВ, туку и против демократската курдска партија БДП и републиканската народна партија ЦХП, која до преземањето на власта од страна на умерениот исламист Ердоган, владееше во Турција и се‘ уште има многу свои градоначалници.


Министерот ги објасни ставовите на премиерот

Ердоган не сакаше да ги детализира обвинувањата, наместо него пред јавноста настапи министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

„Претседателот сакаше де каже дека тероризмот понекогаш може да добие поддршка под различни етикети. Понекогаш тоа се случува без знаење на донаторот, не мислам на германските фондации, туку зборувам општо. Но, важно е постоење одредена внимателност и претпазливост не само од страна на државата, туку од сите страни“.

Поинаку кажано-и Германците треба да внимаваат кому даваат пари. И покрај турските поплаки, германските власти досега не реагирале.

Der Hauptsitz der KfW Bankengruppe in Frankfurt am Main
Седишттео на КФВ банката во ФранкфуртФотографија: AP

На удар е опозицијата

Цел на нападот на Ердоган се чини првенствено е турската опозиција. Гикан Гинајдин, заменик-шеф на најголемата турска опозициона партија ЦХП, ги отфрла обвинувањата на премиерот дека негови сопартијци ги пренасочуваат германските пари за помош на забранетата ПКК:

„Бараме од премиерот да ги докаже обвинувањата. Кога еден премиер ќе изнесе став и располага со инфорамции за пренос на пари на ПКК, треба да се погрижи да се активира јавниот обвинител, а не обвинувањата да им ги кажува на новинарите во авионот. Ќе преземеме правни мерки против овие обвинувања“.

Не е првпат Ердоган да подигнува вакви обвинувања против германски институции во Турција. Со недоверба со години се третираат и претставништвата на партиски блиските фондации, како Фридрих Еберт на пример. Пред девет години претставниците на оваа фондација дури мораа да се појават на суд поради наводна „шпионажа“, што не можеше да се докаже.

Автор: Армин Херинг/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски