Ердоган возврати на критиката на Гаук
29 април 2014Дисхармонија на крајот на државната посета: турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го обвини претседателот Јоахим Гаук дека со неговата критикa за дефицити во демократијата се мешал во внатрешните работи на Турција. Однесувањето на Гаук не било „адекватно на еден државник“, рече Ердоган во Анкара. „Тој сѐ уште се смета за пастор, тој порано беше тоа“, рече премиерот алудирајќи на поранешната служба на Гаук како протестатско свештено лице.
Во еден говор пред претеничката група на неговата вадејачка партија АКП, пренесуван во живо од телевизијата Ердоган во Анкара говореше за двочасовната средба со Гаук во понеделникот. Притоа германскиот претседател кажал работи, кои нему очигледно во Германија му ги „дошепнале“. Иако турската страна ги заслабнала овие погрешни информации со „конкретни примери“, германскиот претседател отишол и истите работи ги кажал јавно.
Ердоган исто така рекол дека Германците подобро би требало да се грижат за расветлување на терористичката серија на НСУ и нападите врз Турците во Германија, отколку да ѝ даваат совети на неговата влада.
Германскиот претседател Гаук предупреди од опасностите за демократијата со ограничувањето на слободата на мислењето и слободата на печатот како и од интервенции во поделбата на властите. Во неговиот говор пред Техничкиот универзитет на Блискиот исток во Анкара Гаук зборуваше за „загрозување на демократијата“ и искажа загриженост за новиот закон, кој им дава поголема власт на турксите тајни служби, како и поради насилните акции при уличните протести во изминатите месеци. Тој исто така ги критикуваше ограничувањата на слободата на мислењето и слободата на печатот со забраната на интернет платформите Твитер и Јутјуб како и отпуштањето на критичките новинари.
Од Турција имало гласови за „разочарување, огорченост и гнев за раководен стил, кој на многумина им изгледал како загрозување на демократијата“, рече Гаук. Исто така тој говореше и за проблемите со заштитата на малцинствата.