Електричен автомобил од 3Д-печатар
25 јануари 2020Ефикасен, дигитален, автономен. Тој е автомобил на иднината. Барем за берлинската старт-ап фирма БигРеп. Прототипот Локи е првиот автомобил кој е комплетно произведен од 3Д-печатач.
„За мене, ЛОКИ е израз на многу современи трендови што се споени во едно визионерско возило. Тоа се: автономно возење, е-мобилност и 3Д печатење“, вели Даниел Бининг, директор за иновации во БигРеп.
На програмерите им беа потребни само 12 недели да го создадат ЛОКИ. Неговите 14 дела се изработени од индустриски најлон.
Повеќе:
-Сонот на Ердоган станува стварност: електромобили од турско производство
-Кој има пари за поеколошки автомобил, ќе плаќа помал данок
-Зелените автомобили се иднината
Автомобилот сѐ уште нема мотор. Ќе го добие (електричниот мотор) во текот на годината и дури тогаш ќе бидат можни и тестирања. Истражувачите се согласуваат во оценката дека автомобилот од 3Д-печатар мора да стане дел од секојдневното производство и промените во масовното производство се неизбежни. Само така, велат, индустријата и во иднина ќе може да биде конкурентна, да ги исполнува желбите на купувачите, да ги исполнува нормите за емисија на штетни гасови - и да штеди драгоцени ресурси.
За 5 години, првиот испечатен 3Д автомобил треба да се најде на германските улици. Тоа барем го очекуваат програмерите на ЛОКИ.