ЕК ќе им помогне на Србија и БиХ со 65 милиони евра
28 мај 2014Од овие средства, три милиони се издвоени за потребите на најзагрозеното население. Помошта од Комисијата доаѓа откако веќе е испратена итна хуманитарна помош за поплавените подрачја во Србија и БиХ. Останатите 62 милиони евра се наменети за краткорочни и среднорочни обнови на штетите од поплавите и овие средства од претходните ИПА програми на ЕУ за подготовките на земјата во патот кон полноправно членство во Унијата.
Комисијата, трите милиони евра најпрво ќе ги испрати за да помогне околу храната, здравството, санитарните потреби, прва помош и згрижување на загрозеното население.
Средствата од 62 милиони евра за краткорочна и среднорочна помош ќе бидат доставени до крајот на јуни, а наменети се за обнова на јавната инфраструктура, како што се училиштата и службите за здравствена заштита.
Покрај ова, во соопштението на ЕК се наведува дека од ИПА програмите ќе бидат дадени и два милиони евра за набавка на модулирани возила за реагирање во случај на поплави, во рамките на ЕУ механизмите за цивилна заштита. Комисијата истакнала дека „Европската унија е решена и натаму среднорочно и долгорочно да дава помош и во рамките на новите средства од ИПА фондот, кој ќе биде достапен во периодот од 2014-2020 година“.
„Европската комисија работи заедно со двете загрозени земји и е во тесна соработка со меѓународните финансиски институции, со цел точно да се променат потребите и утврдат најдобрите инструменти и финансиската поддршка“, велат од ЕК.
Покрај овие средства, Србија, како земја кандидат за членство во ЕУ, ќе може да аплицира и за помош од европскиот Фонд за солидарност.