1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Египет се обидува да ги обедини Палестинците

АТ/ ртр/ афп/ дпа10 јануари 2013

Под притисок на Египет ривалските групи на Палестинците Фатах и Хамас се обидуваат да ги приближат ставовите.

https://p.dw.com/p/17GvS
Фотографија: ABBAS MOMANI/AFP/Getty Images

Египетскиот претседател Мохамед Мурси прави напори да го поттикне процесот на помирување на ривалските фракции на Палестинците. Во Каиро претседателот Мурси ги прими претседателот на Палестинците Махмуд Абас од секуларната Фатах и шефот во егзил на радикално-исламистичкиот Хамас, Калед Машал. Ова беше прва средба на водачите на Палестинците по речиси една година.

Пред нивниот разговор Абас и Машал одделно се сретнаа со египетскиот претседател, чија земја со години се залага за помирување на Палестинците. Според извори од Фатах Мурси ветил поддршка во напорите да се укине израелската блокада во Појасот Газа. Мурси сака да помогне и за тешката финансиска криза на Палестинците.

Египетски владини службеници соопштија дека Абас и Машал постигнале согласност за натамошно спроведување на Договорот за помирување од 2011. година. Од делегацијата на Абас се вели дека разговорите протекле добро и би требало да продолжат. Што конкретно ова значи остана отворено.

Се спори и околу односот кон Израел

Односите меѓу Фатах, кој е на власт на Западниот брег и Хамас се затегнати откако исламиситите ја преземаа власта во Појасот Газа во 2007. година. Двете страни водеа крвави борби. На Договорот за помирување склучен во мај 2011. засега не му се посветува внимание поради некои недоразбирања при неговото спроведување. Се спори и околу ставот кон Израел. Додека Фатах под конкретни услови е подготвен за мировни преговори со еврејската држава, Хамас и натаму јавно повикува на уништување на Израел.