Египет е адутот на Курц за проблемот со мигрантите
20 септември 2018Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја повика денеска Европска унија да започне разговори со Египет со цел да се намали бројот на мигранти кои во Европа доаѓаат од Африка.
„Египет покажа дека може да биде ефикасен во спречување луѓето да го напуштат египетскиот брег во потрага за подобар и побезбеден живот во Европа“, рече Курц.
Канцеларот на Австрија која преседава со Унијата, и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск неодамна го посетија Каиро, каде разговараа со претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.
„Египет е подготвен да ја продлабочи соработката... Треба да ја искористиме оваа можност“, изјави Курц.
Австрија од јули до декември го држи ротирачкото претседателство со ЕУ. Курц, затоа, ги покани лидерите на земјите членки на ЕУ на дводневниот самит во Салцбург, кој во денеска се фокусира на безбедносната политика и договорот за Брегзит. Вчеравечер на дневен ред беше миграциската политика.