1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евроскептикот Хамонд бара промени во ЕУ

АТ/ макфакс/афпе21 јули 2014

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд најави излез на Велика Британија од ЕУ доколку Унијата не воведе нови услови за членството и побара Лондон да поврати одредени овластувања од Брисел.

https://p.dw.com/p/1Cfy5
Фотографија: Reuters

Новиот британски министер за надворешни работи Филип Хамонд, истакна дека Велика Британија ќе ја напушти заедницата доколку ЕУ не прифати промени и нови услови во врска со нејзиното членство.

Хамонд е првиот функционер на оваа позиција кој јавно истакна дека ќе гласа за излез на Британија од ЕУ доколку на Лондон не му бидат вратени одредени овластувања.

„Доколку не се спроведат одредени промени во целокупниот начин на управување, без промена во балансот на надлежностите помеѓу државите членки и ЕУ, без решенија за предизвиците во еврозоната, тогаш тоа не е Европа која може да работи со Британија во иднина, мора да се направат промени, мора да има нови преговори“, истакна Хамонд во интервју за БиБиСи.

Познатиот евроскептик, кој во неодамна реконструираната влада ја смени својата позиција од местото министер за одбрана и дојде на местото шеф на дипломатија, порача дека негова главна задача ќе биде токму во наредните девет до десет месеци да подготви нови преговори со ЕУ.

„Заедно со Владата сме на иста позиција кога станува збор за Европа. Сите веруваме дека статус кво позицијата е неприфатлив начин да се упрвува со Европа во иднина“, нагласи Хамонд.

Хамонд рече дака би сакал да им порача на европските колеги дека без промени е прилично сигурен каков ќе биде одговорот на британскиот народ на референдумот за останување на Велика Британија во ЕУ, кој Лондон го најави.

Тој рече дека Велика Британија доби „енормно“ со тоа што е дел од внатрешниот единствен европски пазар, но потребно е за да се избалансираат „придобивките од внатре и предностите на нанадвор".

Хамонд за време на промените во владата на премиерот Дејвид Камерон порача дека со неговото именување испраќа сигнал дека Лондон е сериозен во намерата да врати дел од овластувањата од Брисел.