1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Можна забрана за носење на шамија на работа

НД/ дв
14 март 2017

Европскиот суд на правдата одлучи дека приватните фирми во одредени случаи имаат право да им забранат на жените да носат шамии на работното место. Одлуката се однесува на случаи од Франција и Белгија.

https://p.dw.com/p/2Z9Uq
Deutschland mit Kopftuch im Büro Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Rehder

Денеска, Европскиот суд на правдата изрече комплицирана пресуда за два случаи кои се поврзани со носењето на шамија на работно место од страна на една инженерка за дизајн во Франција и една рецепционерка во Белгија. Пресудата се базира на Директивата за антидискриминација и еднаков третман 2000/78 на ЕУ.

„Интерно правило на претпријатие кое забранува јавно носење на било какви политички, филозофски или религиски знаци не претставува директна дискриминација“, вели судот.

Дискриминација во недостаток на внатрешно, неутрално правило

„Сепак, во отсуство на такво правило, волјата на работодавачот да ги земе предвид желбите на клиентите, кои во иднина повеќе не би сакале да ги добиваат услугите од работник кој носи исламска шамија, не можат да се сметаат за работен услов кој ја исклучува дискриминацијата“, додаде судот.

Пресудата на судот од Луксембург доаѓа во предвечерието на парламентарните избори во Холандија, во кои миграцијата е клучна тема.

Пресудата се базира на европските конвенции

Со цел да се осигура целосна партиципација на граѓаните во ЕУ, вклучувајќи и во економскиот живот, европската Директива 200/78 забранува „било каква директна или индиректна“ дискриминација.

Директивата потекнува од Европската конвенција за фундаментални права усвоена во 2000 година, како и од постарата верзија – Конвенцијата за фундаментални права и слободи од Рим од 1950 година.

Членот 9 на Конвенцијата од 1950 година вели дека секој има право да „ја манифестира својата религија или уверување, во форма на обожување, учење и практикување“.

Членот 10 од новата Конвенција исто така ја потврдува слободата на практикување на релгиијата, но во член 16 исто така вели дека компаниите имаат „слобода да го водат бизнисот во согласност со правото на Унијата и националните закони“.

Спротивставени правни мислења

Адвокатите-советници во Европскиот суд на правдата искажаа различни мислења за тоа како да се интерпретира директивата и претходните одлуки од апелациските судови во Франција и Белгија.

Елеонор Шарпстон, адвокат-советник во судот, изјави дека француските работодавачи  кои ја отпуштиле инженерката по дизајн Асма Бугнауи, која во 2009 година носела шамија додека работела со клиент од Тулуз, треба да им овозможат на вработените да ја манифестираат својата религија.

Шарпстон заклучи дека имало дискриминација врз основа на религија или верување, додавајќи дека „се чини особено опасно да му се дозволи на работодавачот да не го почитува барањето за еднаков третман со цел да и се удоволи на предрасудата“ базирана на аргументот „на нашите клиенти нема да им се допадне“.

‘Неутралност' – аргумент на белгиските работодавачи

Во случајот со рецепционерката Самира Ачбита, Џулијан Кокот, исто така адвокат-советник во судот, изјави дека носењето на шамија во белгиската компанија за обезбедување „не претставува директна дискриминација базирана на религија“ во смисла на директивата, „доколку таквата забрана е основана на општо интерно правило кое забранува видливи политички, филозофски и религиозни симболи на работното место“.

Generalanwältin beim Europäischen Gerichtshof Juliane Kokott
Џулиан КокотФотографија: picture-alliance/dpa/C. Karaba

„Таквата дискриминација може да биде оправдана со цел да се воведе политика на религиозна и идеолошка неутралност“, заклучи Кокот.

Фирмата ја отпушти вработената во 2006 година, по што таа поведе судски процес за неосновано отпуштање кој во 2009 година беше поддржан од Центарот за еднакви можности на Белгија.

Два повисоки белгиски судови за трудови спорови ја отфрлија нејзината тужба. Во 2015 година, касациониот суд на Белгија го упати случајот кон Европскиот суд на правдата.