1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Понишен унгарскиот закон за високо образование

Бернд Ригерт
6 октомври 2020

Пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан - истерувањето на „Соросовиот универзитет“ од Будимпешта било незаконито, пресудија судиите од Европскиот суд во Луксембург.

https://p.dw.com/p/3jVDu
Luxemburg | Europäischer Gerichtshof: EuGH-Urteil zum ungarischen NGO-Gesetz
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Immanuel Bänsch

Највисокиот суд на Европската унија вторпат гоинава утврди дека унгарската влада ги малтретира странските организации, а посебно Фондацијата Централноевропски универзитет на американскиот милијардер Џорџ Сорос. Во јуни Европскиот суд го прогласи за ништовен унгарскиот закон за регулирање на работата на невладините организации, а денеска (06.10.2020) го поништи законот за регулирање на работата на странски факултети.

Тужба против овој закон поднесе Европската комисија. Европскиот суд утврди дека унгарскиот закон ги крши како договорите на ЕУ и повелбата на ЕУ за темелни права, така и одредбите на Светската трговска организација, СТО. Унгарскиот парламент во 2017 година донесе закон кој пропишува дека издавањето факултетски дипломи подразбира постоење договор меѓу Унгарија и земјата во која е седиштето на високошколската установа. Освен тоа, односниот универзитет мора да нуди студии и во земјата од која потекнува. Овие две одредби го доведуваат во полоша ситуација странскиот универзитет во однос на унгарските, констатираа судиите од Европскиот суд. Со тоа не би била загарантирана слобода на изразување и образование, како и слобода на дејствување на странски високошколски установи, велат судиите.

Ungarn Budapest | Viktor Orban Winkt Parteimitgliedern und Sympathisanten nach Ansprache zu
Виктор Орбан со години води кампања против СоросФотографија: Getty Images/AFP/A. Kisbenedek

Сорос е главен непријател на Орбан

Европската комисија во 2018 година поднесе тужба против унгарските закони. Со оглед на тоа што Централноевропскиот универзитет со 17.000 студенти беше единствен странски приватен универзитет во Унгарија кој не ги исполнуваше условите, законот очигледно беше насочен против основачот и спонзор на тој универзитет, Џорџ Сорос. Поради своите либерални понуди на студии и професорски кадар кој опфаќаше бројни унгарски интелектуалци во егзил, т.н. Соросов универзитет одамна беше трн во око за национално-конзервативниот премиер Виктор Орбан.

Повеќе:

Орбан му објавува војна на Западот

Моја Европа: Невладините организации како омилен непријател

Ладнокрвниот есап на Орбан против Јункер

Походот на Орбан против „Соросовите платеници“

Орбан разви некој вид теорија на заговор околу Џорџ Сорос, Американец со еврејски корени кој потекнува од Унгарија. Милијардерот кој тукушто наврши 90 години, работи, според мислењето на Орбан, на воспоставување владеење на либералите со цел свет и на замена на унгарските христијани со муслимански доселеници. Неодамна Орбан во есеј во весник ја обвини Европската унија дека тесно соработува со Сорос во остварување на неговите цели. За време на кампањата за европските избори во 2019 година, Виктор Орбан наложи поставување антисемитски интонирани плакати кои го прикажуваа Џорџ Сорос и тогашниот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер. Унгарските медиуми, во меѓувреме речиси во целост на владина линија, Централноевропскиот универзитет го нарекуваа „либерално-екстремистичка стража" или кадровска ковачница на Соросови платеници.

Универзиттеот ја напушти Унгарија

Централноевропскиот универзитет се обиде да ги исполни условите од унгарските закони и склучи договор за соработка со Бард-колеџот во американската сојузна држава Њујорк. Њујорк беше спремен да склучи билатерален договор со Унгарија за признавање на универзитетски дипломи. Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан тоа го одби. По повеќемесечни тактички натегања, универзитетот реши да го премести седиштето и предавањата од есента 2019 година во Виена. Преселбата би требало да биде завршена оваа есен.

Kampagne der Fidesz-Regierung gegen die Europäische Union
Против ЕУ и Сорос: плакат пред европските избори во УнгаријаФотографија: Martin Fejer/est&ost/Joker/picture-alliance

Пресудата на Европскиот суд сега е уште една болна опомена до унгарскиот премиер. Кои ќе бидат последиците треба допрва да се види. Дали Централноевропскиот универзитет ќе се врати во Будимпешта или во цивилен процес ќе бара надомест на штетата од унгарската држава, уште не е јасно.

Орбан беше Соросов стипендист

Иронија на судбината е што Виктор Орбан во 1989 година студирал на Оксфорд токму со помош на стипендија од Џорџ Сорос, тогаш уште како либерален опозиционер. Сорос ја потпомагаше тогаш либералната партија Фидес, која Орбан во меѓувреме ја претвори во десно-националистичка партија. Орбан во 2016 година бараше Сорос и силите кои тој ги застапува да бидат протерани од Унгарија. Џорџ Сорос мисли дека Орбан го користи како жртвен јарец заради остварување на своите планови на внатрешно-политички план. „Тој е амбициозен човек. На патот кон осигурување на моќта тој разви систем на корупција заради негово и богатење на неговите асистенти", изјави Сорос за Орбан во весникот „Њујорк тајмс" во 2019 година. Слични обвинувања оваа недела изнесе и европратеничката и бивша германска министерка за правосудство, Катарина Барли во интервју за неделникот „Шпигел".

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија